| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Над 81.000 Сиријци од Туркије доброволно се вратиле во својата татковина
Со постигнувањето слобода во Сирија, доброволното и достоинствено враќање доби на интензитет, па од 9 декември 81.576 наши браќа и сестри од Сирија се вратија во својата земја, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја
Над 81.000 Сиријци од Туркије доброволно се вратиле во својата татковина
Туркије застана против угнетувачите, покрај угнетените, заземајќи го местото на вистинската страна на историјата, рече Јерликаја / Photo: AA / AA

Над 81.500 сириски бегалци во Туркије доброволно се вратија во својата земја од 9 декември, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Говорејќи на настан во главниот град Анкара, Јерликаја рече дека Туркије моментно е домаќин на над 4,1 милиони странски државјани, од кои 2,86 милиони Сиријци.

Потсетувајќи на колапсот на 61-годишниот режим на партијата Баас во Сирија, Јерликаја рече: „Туркије застана против угнетувачите, покрај угнетените, заземајќи го местото на вистинската страна на историјата.“

„Со постигнувањето слобода во Сирија, доброволното, безбедното, достоинственото и регуларното враќање доби на интензитет. Од 9 декември вкупно 81.576 наши браќа и сестри од Сирија се вратија во својата земја доброволно, безбедно, чесно и регуларно.“

Истакнувајќи дека од 2017 година оваа бројка достигнала 821.579, тој рече: „Продолжуваме да ја даваме потребната поддршка за да се осигуриме дека (нивното) враќањето ќе се одвива на правилен начин и дека процесот ќе тече непречено.“

„Како Министерство за внатрешни работи, ние управуваме со сите аспекти на миграцијата со холистички и стратегиски пристап. Може со сигурност да кажеме дека Туркије е земја модел во управувањето со миграциите“, рече тој. „Наш основен принцип во управувањето со миграциите е пристап што ги почитува човековите права и слободи, се придржува до нашите цивилизациски вредности и не ги загрозува јавниот ред и безбедност.“

Јерликаја, исто така, рече дека во 2024 година властите депортирале над 142.500 нерегуларни мигранти и спровеле речиси 7.900 операции против шверцери на луѓе, при што биле приведени над 5.100 осомничени.

Туркије, исто така, воведе нови мерки за легалната миграција, како дигитални системи за спречување на нелегално вработување и иницијативи како „Тех виза“ за привлекување квалификувани работници.

Јерликаја истакна дека Туркије тесно соработува со соседните земји за да се справи со миграциските предизвици и да спречи земјата да стане дестинација за нерегуларните мигранти.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Студентската листа во Србија објавува план за БиХ, ги осудува израелските акции во Газа
Алиев и Пашинјан во Даблин разговараа за мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија
Европските лидери повикуваат на обединет глас во мировните преговори за Украина
Ердоган повикува на поголема одговорност и зелени инвестиции за справување со климатската криза
Путин во Москва и американски претставници се сретнаа во Москва
Макрон повикува на јасна, обединета европска визија за Украина и идната безбедност