| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Студентите од Белград тргнаа пешки кон Нови Сад
Студенти од белградските факултети во 10.30 часот тргнаа кон Нови Сад за да им дадат поддршка на новосадските колеги во блокирањето на три моста во тој град, по повод одбележувањето три месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад
Студентите од Белград тргнаа пешки кон Нови Сад
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадниците на МВР целосно ќе ја обезбедат трасата на студентската прошетка / Photo: AA / AA

Голем број студенти од Белград денес тргнаа пеш на протестен марш кон Нови Сад.

Студенти од белградските факултети околу 10:30 часот тргнаа кон Нови Сад за да им дадат поддршка на новосадските колеги во блокирањето на три моста во тој град, по повод одбележувањето три месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, во која животот го загубија 15 лица.

Во текот на собирањето можеше да се чуе скандирањето „Сакаме правда“, а беа истакнати и транспаренти со кои се повикува власта да ги исполни студентските барања.

Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека се обезбедени дополнителни 12,01 милијарди динари за високото образование и најави намалување на трошоците за студирање на студентите за околу 50 %.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадниците на МВР целосно ќе ја обезбедат трасата на студентската прошетка која започна пред Факултетот за драмски уметности во Белград, а ќе заврши утревечер пред Железничката станица во Нови Сад.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во средата помилува 13 лица против кои претходно беше подигната кривична постапка во врска со блокадите и протестите кои се одржуваат во Србија повеќе од два месеца.

Студентите кои ги иницираа блокадите и протестите по трагичниот настан во Нови Сад, покрај наведеното, бараат објавување на целата документација за реконструкцијата на Железничката станица, поднесување кривична пријава против напаѓачите на демонстрантите и зголемување на буџетот за образование за 20 %.

Претседателот на Србија во понеделникот во својот говор рече дека властите ќе ги исполнат сите четири барања на студентите.

Во меѓувреме оставка поднесе премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ