| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Од урнатините во Газа извлечени уште 42 тела, билансот на убиени 47.500
Во израелската офанзива за исчезнати се водат најмалку 11.000 луѓе, а нападите предизвикаа огромно разорување и хуманитарна криза која ги однесе животите на многу постари луѓе и деца
Од урнатините во Газа извлечени уште 42 тела, билансот на убиени 47.500
Многу жртви сè уште се заробени под урнатините бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив, велат од министерството за здравство / Photo: AA / AA

Палестинските медицински тимови извлекоа тела на 42 лица од урнатините во Газа, со што вкупниот број на убиени Палестинци во геноцидната војна во Израел, која започна на 7 октомври 2023 година, достигна 47.460, соопшти денес Министерството за здравство.

Министерството истакна дека уште девет повредени лица се примени во болниците во изминатите 24 часа, со што бројот на повредени во израелската војна достигна 111.580.

„Многу жртви сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари, со што беше запрена геноцидната војна на Израел во енклавата.

Во израелската офанзива за исчезнати се водат најмалку 11.000 луѓе, таа предизвика опсежно разорување и огромна хуманитарна криза која ги однесе животите на многу постари луѓе и деца.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана