| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Најмалку осум загинати во напад на руски дрон врз зграда во Суми,Украина
Украинската државна служба за вонредни состојби на Телеграм објави дека попладнето од под урнатините било извлечено тело на една жена, со што бројот на загинати се искачи на осум
Најмалку осум загинати во напад на руски дрон врз зграда во Суми,Украина
Руските власти се уште не го коментирале нападот во кој се повредени 13 лица, меѓу кои и едно дете / Others

Украинските власти соопштија дека најмалку осум лица загинале во напад на руски дрон врз станбена зграда во градот Суми.

Украинската државна служба за вонредни состојби на Телеграм објави дека попладнето од под урнатините било извлечено тело на една жена, со што бројот на загинати се искачи на осум.

Истиот извор јавува дека во нападот се повредени 13 лица, меѓу кои и едно дете.

Надлежните спасувачки екипи ја продолжуваат акцијата за пребарување и спасување.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа Х рече дека нападот на станбената зграда е „страшна трагедија“, повикувајќи ја меѓународната заедница да продолжи со притисокот врз Русија.

Украинската војска на Телеграм објави дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 37 од 76 беспилотни летала што Русија ги лансираше минатата ноќ над десет региони на Украина.

Руските власти се уште не го коментирале нападот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
ГТА 6 продаде 24,5 милиони копии и оствари приход од 2,36 милијарди долари
Лидерите на АПЕК повикуваат на посилна поврзаност, помалку трговски бариери на самитот во Кина
Циклонот Акван стигна до индискиот брег
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Јужна Кореја со строги мерки против мамење со ВИ на приемен испит
САД против „глобалистичка регулација“ на вештачката интелигенција, изјави Трамп на самитот на АПЕК
Туркије објави стапување во сила на договорот за слободна трговија со Украина
Франција: Не сме соучесници во војната во Украина