| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ал Шара: Ќе работам на формирање сеопфатна преодна влада на Сирија
Ќе формираме инклузивна влада која ќе ја изразува различноста на Сирија и подготвителен комитет за избор на совет, кој ќе го пополни законодавниот вакуум,  политичкиот процес бара учество на сите без исклучување, рече Ал Шара
Ал Шара: Ќе работам на формирање сеопфатна преодна влада на Сирија
Ова беше прво јавно обраќање на ал Шара откако беше назначен за преоден претседател на Сирија / Photo: Reuters / Reuters

Сирискиот претседател Ахмед ал Шара денеска, во своето прво јавно обраќање откако беше назначен на оваа позиција, најави дека ќе работи на формирање сеопфатна преодна влада.

„Ќе формираме инклузивна влада која ќе ја изразува различноста на Сирија и подготвителен комитет за избор на совет кој ќе го пополни законодавниот вакуум. Политичкиот процес бара учество на сите без исклучување“, рече Ал Шара.

Тој најави и дека во наредните денови ќе биде именувана Комисија за подготовка на конференцијата за национален дијалог, како и комисија за избор на Законодавно-правниот совет што ќе ја пополни празнината во суспендираниот парламент.

„Изградбата на татковината е одговорност на сите нас и ова е повик до сите Сиријци заедно да ја изградиме нашата нова татковина“, рече тој.

Ал Шара нагласи и дека новите сириски власти во наредниот период ќе се фокусираат на „постигнување граѓански мир и гонење на криминалците кои пролеале сириска крв“.

Ал Шара вчера беше назначен за претседател во преодниот период на земјата , на состанокот на воените и револуционерните фракции кои се бореа заедно со групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС).

Ал Шара, кој ја предводи ХТС, која го собори поранешниот сириски претседател Башар ал Асад на 8 декември, рече дека ХТС ќе биде распуштена.

САД овој месец ја укинаа наградата од 10 милиони долари што беше ветена за апсењето на Ал Шара, издадена по почетокот на граѓанската војна во Сирија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Американскиот пратеник ги поздрави разговорите на Сирија со „Шеврон“ за енергетска соработка
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
ГТА 6 продаде 24,5 милиони копии и оствари приход од 2,36 милијарди долари
Лидерите на АПЕК повикуваат на посилна поврзаност, помалку трговски бариери на самитот во Кина
Циклонот Акван стигна до индискиот брег
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО