| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Италија е прва западна земја што го блокираше ВИ моделот ДипСик од Кина
Регулаторното тело, исто така, им наложи на компаниите Хангжу ДипСик ВИ и Пекинг ДипСик ВИ, кои стојат зад услугата за јазичниот модел, веднаш да престанат да ги обработуваат податоците на италијанските корисници
Италија е прва западна земја што го блокираше ВИ моделот ДипСик од Кина
Прва забрана за ДипСик поради загриженост за обработка на личните податоци на корисниците / Фото: AA / AA

Италијанската Агенција за заштита на податоците (ГПДП) го блокираше пристапот до кинеската апликација за вештачка интелигенција (ВИ) „ДипСик“ (DeepSeek), со цел заштита на податоците на корисниците во земјата.

Регулаторното тело, исто така, им наложи на компаниите Хангжу ДипСик ВИ и Пекинг ДипСик ВИ, кои стојат зад услугата за јазичниот модел, веднаш да престанат да ги обработуваат податоците на италијанските корисници.

Одлуката беше донесена по процената на компаниите за тоа какви лични податоци собираат и која е правната основа за нивно собирање.

„Наредбата за ограничување – донесена за заштита на податоците на италијанските корисници – следува по денешната комуникација со компаниите, чија содржина беше оценета како целосно незадоволителна“, соопшти Агенцијата за заштита на податоците.

Покрај ограничувањето на обработката на податоци, ГПДП започна и формална истрага за кинеската технолошка стартап компанија „ДипСик“.

Овој потег е сличен на истрагата што ГПДП ја отвори во март 2023 година за американската компанија Опен АИ со нејзиниот „ЧетЏПТ“ (ChatGPT), кој исто така се соочи со привремени ограничувања поради слична загриженост за приватноста.

„ДипСик“ го претстави својот нискобуџетен, отворен модел ДипСик-Р1 на 20 јануари.

Моделот, развиен со помалку чипови, претставува предизвик за доминацијата на Западот во областа на вештачката интелигенција.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година