| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
„Градот на надежта“ отворен за Сиријците погодени од војната
Проектот, изграден на парцела од 280 хектари, се состои од девет населби и нуди различни основни услуги, вклучувајќи 1.400 станбени единици, четири училишта, џамија, спортски комплекс, клиника, конференциска сала и пазар со 50 продавници
„Градот на надежта“ отворен за Сиријците погодени од војната
„Градот на надежта“ е изграден преку соработка на Катарската добротворна организација и турската Фондација за хуманитарна помош ИХХ / Photo: AA / AA

Нова заедница чија цел е да обезбеди засолниште за Сиријците погодени од граѓанската војна официјално беше отворена во четвртокот во северозападна Сирија.

„Градот на надежта“ е изграден преку соработка на Катарската добротворна организација и Турската фондација за хуманитарна помош ИХХ, а во него ќе бидат сместени околу 10.000 луѓе.

На церемонијата на отворањето во градот Азез присуствуваа неколку клучни фигури, меѓу кои и Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад, државната министерка за меѓународна соработка на Катар, заменик министерот за внатрешни работи на Туркије Мунир Караоглу, градоначалничката на Газиантеп Фатма Сахин и други претставници од двете влади и хуманитарни организации.

„Среќни сме што сме со сирискиот народ, кого го сметаме за дел од нашето семејство. Денеска свечено го отвораме Градот на надежта. Исто како и во минатото, ние стоиме покрај сирискиот народ кој се залага за слобода“, рече Миснад.

Караоглу ја нагласи тековната поддршка на Тукије во различни сектори низ Сирија, вклучувајќи засолниште, хуманитарна помош, образование и здравствена заштита.

„Денешното отворање на Градот на надежта е конкретен пример за нашите напори.

Проектот, изграден на парцела од 280 хектари, се состои од девет населби и нуди различни основни услуги, вклучувајќи 1.400 станбени единици, четири училишта, џамија, спортски комплекс, клиника, конференциска сала и пазар со 50 продавници.

„Овој град е подарок за сирискиот народ кој страдаше 14 години поради бруталната војна и беше принуден да побегне“, рече Јусеф Ал-Кувари, извршен директор на Катарската организација.

Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск минатиот месец, ставајќи крај на децениското владеење на неговото семејство.

Новата администрација предводена од Ахмед Ал Шара, сега преоден претседател, ја презеде контролата врз земјата разурната од војна.

Тој побара укинување на санкциите за државата за да се опорави по речиси 14-годишната граѓанска војна.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ен-Би-Си њуз: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз високи ирански функционери
Путин: Одговорот на Русија на украинските напади врз рафинериите за нафта е неизбежен
Петмина загинати во пад на турски воен хеликоптер за време на лет за обука
На државите им е дозволено да враќаат мигранти инструментализирани од други земји, пресуди ЕСЧП
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп