| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Грција поведе истрага по сомнежи за употреба на израелски шпионски софтвер
Управата за заштита на податоците на Грција објави дека истражува случај во врска со прекршување на личните податоци на корисниците на Ватцап, вклучително и претплатници во Грција, од злонамерниот софтвер на израелската компанија Параган Солушнс
Грција поведе истрага по сомнежи за употреба на израелски шпионски софтвер
Грција поведе истрага по сомнежи за употреба на израелски шпионски софтвер / Фото: AA / AA

Грција започна истрага за шпионажа на лични податоци на корисници на апликацијата за комуницирање Ватцап (WhatsApp) преку употреба на израелски шпионски софтвер.

Управата за заштита на податоците на Грција објави дека истражува случај во врска со прекршување на личните податоци на корисниците на Ватцап, вклучително и претплатници во Грција, од злонамерниот софтвер на израелската компанија Параган Солушнс (Paragan Solutions), пишува весникот Катимерини.

Органот, исто така, откри дека започнала истрага за законитоста на кинеската ДипСик (DeepSeek) апликација според прописите за заштита на податоците.

Претходно оваа недела, Хомо Дигиталис, грчка невладина организација која се занимава со правата на корисниците на интернет, побара од регулаторните власти привремено да ја прекинат дистрибуцијата и употребата на апликацијата додека не обезбеди задоволителни одговори за судбината на приватните податоци на корисниците.

Оваа недела, Австралија, Јужна Кореја и Холандија им забранија на државните службеници да користат ДипСик поради прекршувањата за пристапот до личните информации со сомнеж дека ги споделува со кинеските државни власти.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев