| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Да нема нови билатерални условувања на патот кон ЕУ
Според претседателката на Европската комисија смета дека доколку се најде решение со Бугарија пристапниот процес би одел брзо бидејќи земјата имала импресивен напредок во реформите.
Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Да нема нови билатерални условувања на патот кон ЕУ
North Macedonia EU

Не бараме од Унијата да заземе страна, туку да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно. Обврските да важат за сите, а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања, рече македонскиот премиер Мицкоски во врска со односите со Бугарија на прес конференција во Владата по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

По сугестија на фон дер Лајен Мицкоски истакна дека македонската страна презела иницијатива за откочување на дијалогот со Бугарија. Македонската страна ќе побара билатерална средба на ниво на министри за надворешни работи. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски следната недела патува во Софија во рамки на соработката за проектите од Коридорот 8.

„ Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме процесот од некаде да го движиме. Нашата определба како држава е јасна и останува непроменета. Сакаме да бидеме дел од Европската Унија и посветено работиме на таа цел. Ако од нас се очекуваат одлуки со долгорочни последици, тогаш е оправдано да очекуваме и јасна европска перспектива за она што следува потоа” посочи Мицкоски.

Претседателката на Европската комисија истакна дека земјата веќе докажала дека може да носи храбри одлуки како во случајот со Преспанскиот договор. Патоказите како што рече се однесуваат на земјите кои веќе се навлезени во процесот, но дека според неа доколку се најде решение со Бугарија пристапниот процес може да оди многу брзо бидејќи земјата како што рече има импресивен напредок во делот на реформите. Таа се осврна и на македонскиот идентитет и јазик.

„ Се договоривме да имаме еден прв нов чекор следната недела и да се обидеме да го деблокираме процесот и, всушност, да го претвориме во процес. Тоа е најважниот дел. Ние ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик. Веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик можат да ја направат нашата Унија побогата”, рече фон дер Лајен.

Посетата на фон дер Лајен на Скопје беше дел од бејзината балканска турнеја во ги посети и Албанија, Црна Гора и Косово. Босна и Херцеговина и Србија не се на агендата на еврокомесарката поради изборите во овие две земји.

 

 

Повеќе
Шведската политичарка Андерсон неуспешна во најновиот обид за формирање влада
Цената на бензините и дизелот останува иста, поскапува само мазутот
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Нетанјаху нареди гонење на војниците кои ги открија масовните убиства во Газа во документарецот НАЗА
Наезда од креветни бубачки го откажа летот на „Квантас“ од Рим за Перт
Фон дер Лајен ги осуди нападите со дронови кај Бугарија
Јорданскиот крал Абдула Втори пристигна во Австралија на прва посета по една деценија
Северна Кореја потврди тест на тактичка балистичка ракета
Куртулмуш: Туркије мора да го зајакне својот внатрешен фронт во услови на регионалната нестабилност
Туркије го повика Израел да ги запре „непромислените“ напади во Сирија
Австралискиот премиер го нарече „одвратен“ планот на САД за пренос на погубување во живо
Црна Гора затвори уште три преговарачки поглавја во процесот на пристапување кон Европската Унија
Повторно дронови нападнале два брода во близина на Бугарија, еден потонал
Мелони ја повика ЕУ да најде долгорочно решение за високите цени на енергијата
Трамп не верува оти Кина и Русија му помагаат на Иран