ЕУ во октомври започнува со дигитална регистрација на патници од трети земји
СВЕТ
2 мин читање
ЕУ во октомври започнува со дигитална регистрација на патници од трети земјиНовата технологија има цел да го подобри управувањето со надворешните граници на ЕУ и да обезбеди сигурни податоци за движењата преку граничните премини.
ЕУ во октомври започнува со дигитална регистрација на патници од трети земји / TRT Balkan
 

Европската Унија (ЕУ) од 12 октомври оваа година започнува со постепено воведување на нов дигитален систем за евиденција на влезот и излезот на државјани од трети земји. Според најавеното, се работи за модерен систем кој ќе ги собира биометриските податоци – отпечатоци од прсти, фотографии од лицето и податоци за патувањето – заменувајќи го досегашниот систем на печатирање пасоши.

Новата технологија има цел да го подобри управувањето со надворешните граници на ЕУ и да обезбеди сигурни податоци за движењата преку граничните премини. Системот ќе овозможи автоматско откривање на прекршувања како што се пречекорен престој, злоупотреба на патни документи и идентитет.

Ваквиот пристап е дел од напорите на Унијата за спречување на нерегуларната миграција и зајакнување на безбедноста на европските граѓани. Воедно, се очекува патувањето да стане побрзо и поедноставно за оние што ги исполнуваат условите, преку зголемена автоматизација на граничните контроли.

Системот ги исполнува највисоките стандарди за заштита на лични податоци и приватност, а земјите-членки ќе го имплементираат постепено во период од шест месеци. По завршување на тој период, тој ќе биде целосно оперативен на сите надворешни гранични премини на ЕУ.

Се појаснува дека со овој чекор, ЕУ прави значаен исчекор кон посигурен, поефикасен и модерен граничен режим.

Европскиот совет на 18 јули ја усвои регулативата со која се овозможува постепено воведување на Системот за влез/излез (EEС), нов дигитален систем за управување со границите на ЕУ.

„Новите правила им овозможуваат на земјите членки кои сакаат постепено да го имплементираат системот во период од 180 дена да го сторат тоа, а воедно им овозможуваат на другите да започнат со негова целосна примена од првиот ден“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
Калифорниската адвокатска комора го истражува адвокатскиот статус на поранешната портпаролка
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“