| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
Мицкоски: Почна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата
Тука нема да застанеме, многу бргу продолжуваме со уште една автопатска делница, која е дел од Кордорот 8, која ќе ги поврзе местото Букојчани и автопатот Кичево - Охрид, кој очекуваме да го пуштиме на почетокот на следната година, изјави премиерот
Мицкоски: Почна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата
На церемонијата по повод почетокот на работите присуствуваше и премиерот на Косово, Албин Курти

Денеска официјално започнаа градежните работи за втората фаза од автопатот Скопје - Блаце, во должина од 10,5 километри, што се очекува да биде завршена во рок од четири години и да се поврзе со 1500 метри автопат што веќе се изградени во близина на Граничниот премин „Блаце“.

На церемонијата по повод почетокот на работите присуствуваа премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, премиерот на Косово, Албин Курти, како и владини функционери и претставници на проектот и неговите меѓународни партнери.

Во своето обраќање пред присутните, премиерот Мицкоски го оцени проектот како историски, зашто денеска почнува да се реализира по повеќе од две децении, додавајќи дека Владата предводена од него го имала како приоритет неговото реализирање.

„Ќе биде од особено значење за граѓаните на нашите две земји, Република Косово и Македонија, ќе значи подобро поврзување, подобар транспорт и размена, нешто што е исклучително важен атрибут во 21 век и е во корелација со стратешките приоритети на Владата бидејќи како држава не излегуваме на море, да бидеме крстосница на два значајни европски коридори: 8 и 10“, истакна Мицкоски во обраќањето.

Прати три пораки од настанот - дека Владата го реализира ветувањето за овој клучен приоритет и очекува, рече, значителен напредок на терен.

Изрази задоволство што македонска компанија ќе ги изведува градежните работи, што, рече, е додадена вредност за македонската економија и исполнување на исто така врвен приоритет - повеќе работни места за македонските граѓани.

Пет тунели, осум моста

„Денес тука нема да застанеме. Многу бргу од денеска продолжуваме со уште една автопатска делница, која е дел од Кордорот 8, која ќе ги поврзе местото Букојчани и автопатот Кичево - Охрид, кој очекуваме да го пуштиме на почетокот на следната година. Со тоа ќе се создадат услови во еден момент на територијата на државата да се градат шест автопатски делници, што порано никогаш не се случило. Тоа се делниците Блаце - Скопје, Тетово - Гостивар, Гостивар - Букојчани, Букојчани - Кичево, Кичево - Охрид и Прилеп - Битола. Тоа е историски момент за граѓаните и за државата“, истакна Мицкоски.

Порача и дека со овој проект почнува изградбата на иднината за нашите млади. Како што рече, политичарите се минливи и ги ценат по делата што ќе ги остават зад себе.

Претседателот на владата на Косово, Аљбин Курти, во обраќањето по повод почетокот на изградбата на автопатот Скопје - Блаце, истакна дека е среќен што присуствува на поставувањето на темелите на, како што рече, модерната врска меѓу нашите две земји.

Многу поважно од зајакнувањето на ифраструктурната врска помеѓу Косово и Северна Македонија, нагласи Курти, е тоа што ќе се скрати далечината, ќе се олесни протокот и ќе се создадат нови можности за соработка меѓу граѓаните и економиите на нашите земји.

„Нашите две држави имаат висок проток на граѓани од двете страни на границата. Семејствата, студентите, работниците, професионалците и нашиот бизнис се движат секој ден помеѓу Косово и Северна Македонија. Само преку граничниот премин Елез Хан поминуваат речиси 54 илјади камиони годишно или приближно 150 камиони дневно. Затоа секој километар од нов пат што нè приближува е инвестиција во животот на нашите граѓани и во економскиот развој на двете земји. Овој автопат ќе го направи протокот побрз, посигурен и поефикасен. Истовремено, ќе им даде на нашите бизниси поголеми можности за движење на стоките, да ги развијат пазарите и да создадат нови партнерства“, истакна Курти.

Како што информираше Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, кое е главен носител на проектот, во рамките на проектот е предвидена изградба на пет тунели, осум моста, 11 потпатници, четири галерии и девет потпорни ѕидови.

Финансирањето на проектот е обезбедено преку заем од 167,6 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), грант од 30,82 милиони евра од Рамката за инвестиции за Западен Балкан, како и средства од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта за експропријација.

Според Трајановски, автопатот ќе го скрати времето на патување, ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе ги намали трошоците за одржување на возилата. Постоечкиот пат ќе остане како алтернативна врска за локалното население и другите корисници.

Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје.

Повеќе
Суданската армија спречи напад со дрон лансиран од Етиопија
Значителен прекин на летовите кон Саудиска Арабија по нападите на Хутите
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Неџад еф. Грабус избран за нов реисул-улема на Исламската заедница во БиХ
Трамп: Русија ќе испорача 300.000 тони дизел на американскиот и глобалниот пазар
Гутереш ги осуди санкциите на САД против МКС
Далија Кајед го преживеала геноцидот - сега ја раскажува својата приказна преку фотографии и вез
Меѓународниот кривичен суд остро ги отфрла американските санкции
„Пак би го избрал истото“: Шеесетгодишниот пат на еден турски книговезец
САД воведоа санкции врз Меѓународниот кривичен суд и се заканија дека ќе го укинат
ЕУ и Кина на крстопат: Планот за построг пристап до европскиот пазар закана за нова трговска војна
Палестинските деца излегуваат од израелските затвори, но затворот не ги напушта нив
Од кројач и механичар до самоук изработувач на музички инструменти
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè