| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Сателитските податоци откриваат дека иранските ракети директно погодиле 5 израелски воени бази
Меѓу таргетираните израелски локации се голема воздухопловна база, центар за собирање разузнавачки информации и логистичка база, покажуваат податоците на британскиот дневен весник Телеграф
Сателитските податоци откриваат дека иранските ракети директно погодиле 5 израелски воени бази
Телеграф процени дека 16% од иранските ракети стигнале до Израел и минале низ системите за противвоздушна одбрана / AA
 

Иранските ракети директно погодиле пет израелски воени објекти за време на 12-дневната војна меѓу двете земји, покажалe сателитските податоци.

Податоците објавени од британскиот дневен весник Телеграф и испитани од американски професори од Државниот универзитет во Орегон, САД, открија дека шест ракети истрелани од Техеран погодиле пет бази во северен, јужен и централен Израел.

Меѓу таргетираните израелски локации се голема воздухопловна база, центар за собирање разузнавачки информации и логистичка база, покажуваат податоците.

Израелските власти не објавија никакви информации за овие напади, бидејќи Тел Авив го цензурира објавувањето на какви било информации за воените локации.

Телеграф процени дека 16% од иранските ракети стигнале до Израел и минале низ системите за противвоздушна одбрана, што се совпаѓа со стапката на успех од 87% што ја наведе израелската армија.

Конфликтот меѓу Израел и Иран избувна на 13 јуни, кога Израел започна воздушни напади врз ирански воени, нуклеарни и цивилни објекти, при што загинаа најмалку 935 лица. Иранското Министерство за здравство соопшти дека 5.332 лица се повредени.

Техеран започна одмазднички напади со ракети и беспилотни летала врз Израел, во коишто загинаа најмалку 29 лица, а повеќе од 3.400 беа повредени, според податоците објавени од Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Конфликтот заврши со прекин на огнот постигнат под покровителство на САД, кој стапи на сила на 24 јуни.

Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев