„Белите дробови“ на урбаните градови: 
Кои се бенефитите од зелените покриви?
СВЕТ
2 мин читање
„Белите дробови“ на урбаните градови: Кои се бенефитите од зелените покриви?Зелените покриви, збогатени со цвеќиња, трева, дрвја, повеќе не се само модерен тренд, туку тие се еколошко, општествено, но и економски одржливо решение, кое го подобрува севкупниот квалитет на животот на луѓето во урбаните средини на живеење.
„Белите дробови“ на урбаните градови: Кои се бенефитите од зелените покриви? / TRT Balkan
24 август 2025

Концептот за зелените покриви станува сѐ попопуларен во светот, поради своето еколошко, енергетско, естетско и општествено значење, особено во ерата на брзиот урбан развој и климатските промени.

Зелените покриви, збогатени со цвеќиња, трева, дрвја, повеќе не се само модерен тренд, туку тие се еколошко, општествено, но и економски одржливо решение, кое го подобрува севкупниот квалитет на животот на луѓето во урбаните средини на живеење.

Потребата да се заштеди енергија и да се намали загадувањето во воздухот се главните причини заради кои луѓето сѐ почесто се одлучуваат за зелените покриви. Ова се само некои од бенефите од зелените покриви:

Еколошко влијание - Покривите со вегетација - зелените покриви на јавните објекти и објектите за домување, во ерата на брзиот урбан развој и забрзувањето на климатските промени, стануваат „белите дробови“ во градските јадра, поради нивното еклокошко влијание.

Зелените покриви исто така го намалуваат загревањето. Крововите на кои има поставено кровни градини се со 1-4° степени пониска температура, наспроти конвенционалните кровови. Исто така, тие можат да ја намалат температурата во околината и до 5°.

Растенијата на зелените покриви го користат дождот веднаш. Во лето, градините на кровот можат да задржат до 80% од врнежите. По искористувањето, водата се враќа во атмосферата преку транспирација и испарување.

Енергетска ефикасност - Освен што го чистат воздухот, зелените покриви овозможуваат намалување на потрошувачката на енергија за околу 30 отсто и го намалуваат ризикот од поплави.

Општествено корисни  - Со зелените покриви се креира нов простор кој се користи за одмор, рекреација, а некаде се користат како отворена културна сцена за различни настани. Некои од истражувањата ја истакнуваат социјалната вредност на зелените покриви. Лекарите сè повеќе и повеќе прeпишуваат време поминато во градинарство на отворено за пациенти што се соочуваат со анксиозност и депресија. Истражувањето открило дека пристапот до најосновните зелени места може да обезбеди подобар квалитет на живот за луѓето што страдаат од деменција и да помогне во спречувањето на дебелината.

Естетска вредност - Цвеќињата, тревата, дрвјата на зелените површини на покривите ја разубавува околината и создава пријатен амбиент и простор во кој уживаат луѓето.




ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Уапсен убиецот на Чарлс Кирк, ФБИ го откри неговиот идентитет
Орбан: Членство во ЕУ базирано на заслуги, а не како гаранција за безбедност
Најмалку 23 убиени и десетици ранети Палестинци во денешнте израелски напади во Газа
ФБИ објави фотографии од осомничениот убиец на Чарли Кирк, нуди награда од 100.000 долари
Најмалку 3 загинати, 70 повредени во експлозија на цистерна за гас во Мексико Сити
Изгласан одбранбен буџет на САД од 900 милијарди долари од кои 400 мииони за Украина
Индија побара Русија да не регрутира нејзини државјани
Пакистанската армија тврди дека убила 19 осомничени милитанти
Бројот на жртви во насилните протести во Непал се искачи на 31
Падна електричната мрежа во Куба, прекини во снабдувањето со електрична енергија низ целиот остров
Сојузникот на Трамп и десничарски активист Чарли Кирк застрелан на Универзитетот Јута
Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен: „Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија“
Туркије, ЕУ, Франција, Германија, Велика Британија и Шпанија го осудија израелскиот напад на Доха
Трамп планира телефонски разгвоор со Путин оваа или на почетокот на следната недела
Ким Јонг Ун: Никој не може да го загрози статусот и безбедноста на Северна Кореја
Осум убиени Палестинци во новите израелски напади на Газа