| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Турскиот министер за финансии се сретна со неговата македонска колешка Димитриеска-Кочовска
„Се договоривме за средба на технички делегации што би разговарале за соработка, олеснување на трговијата и споделување податоци за анализа на ризик“, истакна Болат
Турскиот министер за финансии се сретна со неговата македонска колешка Димитриеска-Кочовска
Турскиот министер за финансии се сретна со неговата македонска колешка Димитриеска-Кочовска / TRT World
 

Министерот за трговија на Туркије, Омер Болат, се состана со македонската министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска.

„Се договоривме за средба на технички делегации што би разговарале за соработка, олеснување на трговијата и споделување податоци за анализа на ризик“, истакна Болат.

Турскиот министер во објавата на својот профил на социјалните мрежи наведе дека имал меѓуделегациски состанок со министерката Кочовска во турското Министерство за трговија.

Наведувајќи дека се согласиле да го зголемат обемот на билатералната трговија, Болат додаде:

„За време на состанокот се согласивме да собереме технички делегации што би разговарале за соработка, олеснување на трговијата и споделување податоци за анализа на ризик. Освен тоа, дадовме и нова заедничка изјава за добра волја за техничка соработка, слободни зони и трговија со ХАЛАЛ-храна.“

Наведувајќи дека Северна Македонија е еден од важните партнери на Туркије на Балканот, министерот Болат во објавата истакна:

„Му придаваме големо значење на зајакнувањето на нашите врски со Северна Македонија на економско и трговско поле, како и во сите други области. Се надевам дека нашата средба одржана во овој контекст ќе придонесе за зајакнување на билатералните односи и партнерствата меѓу нашите деловни кругови.“

Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев