| Macedonian
Норвешка ќе дупчи во Арктикот и покрај ставот на ЕУ
Европската Унија моментално ја поддржува забраната за ново дупчење во Арктикот од еколошки причини, но размислува за ревидирање на својата политика како одговор на загриженоста за енергетската безбедност
Норвешка ќе дупчи во Арктикот и покрај ставот на ЕУ
По руската инвазија на Украина во 2022 година, Норвешка стана најголемиот снабдувач на природен гас во Европа
 

Норвешка повеќе не се смета за „зелена батерија“ на Европа и ќе продолжи да ги развива своите нафтени и гасни ресурси во Баренцовото Море, и покрај европската поддршка за мораториум за снабдување со јаглеводороди од Арктикот, изјави за Ројтерс норвешкиот министер за енергетика Терје Асланд.

По руската инвазија на Украина во 2022 година, Норвешка стана најголемиот снабдувач на природен гас во Европа, задоволувајќи околу 30 проценти од побарувачката на Европската Унија и Велика Британија.

Минатата година, производството на гас во земјата беше близу до рекордни нивоа, додека производството на нафта достигна највисоко ниво од 2009 година. Официјалните прогнози покажуваат дека производството нагло ќе се намали по 2030 година, освен ако не се откријат и развијат нови ресурси.

„Во денешната геополитичка и безбедносна средина и со оглед на ситуацијата со ресурсите, верувам дека континуираните активности во Баренцовото Море им служат и на норвешките и на европските интереси“, изјави Асланд за Ројтерс во интервју пред OНС, норвешката двегодишна конференција за енергија, која започнува во Ставангер.

Европската Унија моментално ја поддржува забраната за ново дупчење во Арктикот од еколошки причини, но размислува за ревидирање на својата политика како одговор на загриженоста за енергетската безбедност.

Во разговорите со претставници на ЕУ, Норвешка тврдеше дека делови од Баренцовото Море се отворени за нафтени активности, како и дека се без мраз како Северното Море.

Затоа, според Осло, тие се помалку склони кон излевање на нафта и други влијанија врз животната средина и помагаат во одржувањето на работните места и населбите во северните региони на земјата што граничат со Русија.

Асланд верува дека Брисел ги разбрал аргументите на Норвешка, но додаде дека суверено право на земјата е да ги развива ресурсите на Баренцовото Море дури и ако ЕУ продолжи да го поддржува мораториумот.

„Ние ќе ги развиваме овие области и зависи од ЕУ да одлучи дали да има „мораториум за купување гас или нафта“, рече Асланд.

Покрај нафтата и гасот, Норвешка изминативе години произведува вишок обновлива енергија. Земјата порано се претставуваше како „зелена батерија“ на Европа, но министерот вели дека таа идеја сега е застарена.

Повеќе
Јужнокорејскиот суд го потврди ослободувањето на соборениот претседател од обвинение за кривоклетсво
Ирак ги демантира извештаите за движење на војници кон курдскиот регион
ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31
Партијата Ликуд на Нетанјаху официјално ги оспори изборните резултати на 120 избирачки места
САД го повикaа Нетанјаху да ги почитува обврските од мировниот план за Газа
Москва демантира дека во војната со Украина загинале околу 500.000 руски војници
Трамп најавува нови тарифи и покрај поразот на средномандатните избори
Криза во израелската опозиција- Демократите на Голан ги прекинаа преговорите со мандатарот Ајзенкот
Туркије ја прошири железничката мрежа за 30% за 25 години, воведува повеќе брзи железнички линии
Протести во повеќе од 60 градови во Грција
Италија го осуди украинскиот напад врз руски бродови во либиските води
Во Белград уапсен сопственикот на таблоидот Информер, Драган Вучиќевиќ
Ердоган: Процесот за Туркије ослободена од тероризам нуди историска можност
Мерц: Европејците ќе направат сè за да ѝ ги покажат границите на Москва
Лавров смета дека ЕУ има „несериозен пристап“ во решавање на украинскиот конфликт