| Macedonian
Истражување: Компирот еволуирал од растение поврзано со доматот
Пред речиси девет милиони години, дивиот домат во Андите се вкрстил со растението Етуберосум, и преку хибридизација, биле создадени првите растенија што ќе станат компири
Истражување: Компирот еволуирал од растение поврзано со доматот
Компирот во Европа го донеле Шпанците во 16 век, по што станал важна храна поради неговата хранлива вредност и способноста да расте во лоши услови / Reuters
1 август 2025

Научниците од Институтот за земјоделска геномика во Шенџен, Кина, открија дека компирот еволуирал од растение поврзано со доматот.

Пред речиси девет милиони години, дивиот домат во Андите се вкрстил со растението ЕТуберосум, и преку хибридизација, биле создадени првите растенија што ќе станат компири, пишува Гардијан.

Компирот наследил гени од „двата родители“, што му овозможило да развие скробни кртоли, што го направило хранлив и отпорен на зима или суша, рече професорот Санвен Хуанг.

Научниците го анализирале геномот на компирот и откриле дека два гена - едниот од доматот, а другиот од Eтуберосум - заедно го активираат процесот што ги трансформира подземните стебла во кртоли, однсоно корени.

Ова откритие дава увид во тоа како хибридизацијата може да создаде сосема нови органи, па дури и нови видови растенија, според научниците.

Иако компирите еволуирале од тој хибрид, денес се одгледуваат во многу делови од светот, додека бројни сорти компири се развиени во Андите.

Компирот долго време бил непознат во Европа, и дури откако Шпанците го донеле во 16 век, тој станал важна храна поради неговата хранлива вредност и способноста да расте во лоши услови.

Истражувачите сега се обидуваат да создадат нови сорти компири, па дури и да одгледуваат клубени во доматите користејќи ги овие гени, иако сето ова е сè уште во експериментална фаза.

Повеќе
Белата куќа: Иран откажа 800 егзекуции на демонстранти по предупредувањето од Трамп
Туркије го поддржа стапувањето во сила на голем договор за заштита на глобалните океани
Трамп објави дека е формиран Одборот за мир за Газа
Нови судири меѓу демонстрантите и федералните службеници во Минесота
Сијарто: МОЛ пред договор со Гаспромнефт за купување на НИС
Бројот на жртви во протестите во Иран достигна 2.677: Група за човекови права
По импичментот и пет години затвор за јужнокорејскиот претседател Јун
Венецуелската опозициска лидерка Мачадо му го врачи на Трамп Нобеловиот медал за мир
Палестинка загина во најновите израелски прекршувања на примирјето
Муцунски: Замрзнувањето на имиграциските визи од САД не влијае врз другите постапки
Израел и арапските сојузници го повикаа Трамп сега да не го нападне Иран
Гутереш ги осуди израелските акции во окупираниот Источен Ерусалим
Албарес: Еднострана интервенција на САД нема да донесе стабилност во Иран
Фредериксен: Фундаментални несогласувања меѓу САД и Данска за Гренланд
Франција го поздрави преминот кон Фаза 2 од планот на Трамп за Газа