ПОЛИТИКА
2 мин читање
Камала Харис: Одобрувањето Бајден да се кандидира беше неодговорно
Одлуката е на Џо и Џил, ја повторувавме како мантра, кога ќе размислам за тоа, мислам дека беше неодговорно, влогот беше превисок, тој избор не можеше да се базира на егото, на амбицијата на една личност, пишува Харис во книгата„107 дена“
Камала Харис: Одобрувањето Бајден да се кандидира беше неодговорно
Во книгата, таа ја обвинува придружбата на поранешниот претседател дека постојано ѝ ставале сопки додека била потпретседател / Reuters
10 септември 2025

Камала Харис, кандидатката на демократите на претседателските избори во 2024 година, во книга што ќе биде објавена овој месец, изјави дека било „неодговорно“ да му се дозволи на Џо Бајден да се кандидира за втор мандат во Белата куќа.

Во книгата, таа се обидела да се пресмета и со придружбата на поранешниот претседател, која ја обвинува дека постојано ѝ ставале сопки додека била потпретседател, според извадоци објавени од списанието „Атлантик“.

„Одлуката е на Џо и Џил. Ја повторувавме како мантра, како да бевме хипнотизирани. Дали беше елеганција или неодговорност? Кога ќе размислам за тоа, мислам дека беше неодговорно. Влогот беше превисок. Тој избор не можеше да се базира на егото, на амбицијата на една личност“, напиша Камала Харис.

Харис, која го замени Бајден како кандидат за Белата куќа кон крајот на јули, сепак, забележа дека не е во позиција да се залага за негово повлекување од трката.

„Знаев дека ќе изгледа неверојатно опортунистички да го замолам да не се кандидира. Тој ќе го сметаше тоа за очигледна амбиција, можеби за перфидно предавство“, рече таа.

Таа истакна дека Бајден, сега 82-годишен, бил способен да ја извршува должноста.

„Во неговиот најлош ден, тој беше поупатен, поспособен да просудува и многу посочувствителен од Доналд Трамп во неговите најдобри денови. Но, на 81 година, Џо беше уморен.“

Првата потпретседателка на Соединетите Американски Држави, исто така, го откри своето негодување кон придружбата на Џо Бајден во неколку извадоци објавени од списанието.

„Беше речиси невозможно да се натера Белата куќа да каже нешто позитивно за мојата работа или да ме брани“, се пожали таа.

„Често откривав дека тимот на претседателот шири негативни гласини што ме следат“, додаде таа.

Книгата, насловена како „107 дена“, издадена од „Сајмон и Шустер“, ќе биде објавена во САД на 23 септември.

Толку долго траеше скратената кампања на Харис, од ненадејното повлекување на Џо Бајден на 21 јули до изборите на 5 ноември на кои победи републиканецот Доналд Трамп.

Повеќе
Орбан: Време е Урсула фон дер Лајен да си ги спакува куферите
Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на над 27 години затвор за обид за државен удар
Украина изврши масовен напад со беспилотни летала врз Русија
Русија и Белорусија започнаа воени вежби во близина на границата со Полска
Европскиот парламент усвои резолуција со која се бара итна акција за Газа
Повеќето членки на Советот за безбедност ја осудија неказнивоста на Израел по нападот врз Катар
Мадуро: Подготвени сме за вооружена борба ако е потребно
Врховниот суд на Бразил го прогласи поранешниот претседател Болсонаро за виновен за обид за пуч
Непал: Демонстрантите бараат поранешна министерка за правда да ја предводи привремената влада
Крајната десница и левицата во ЕП бараат импичмент на Урсула фон дер Лајен
Зеленски: Новите санкции против Русија се најдобриот одговор на руските упади со дронови во ЕУ
Пропалестински демонстранти протестираа пред британската Амбасада во Вашингтон
Премиерот на Катар: Се подготвува регионален одговор на израелскиот напад врз Доха
Кој беше убиениот Чарли Кирк? Водечки глас меѓу младите поддржувачи на Доналд Трамп во САД
Почина инфлуенсерот Чарли Кирк откако беше застрелан на настан на Универзитетот Јута
Бројот на жртви од израелскиот напад врз Јемен се искачи на 35