ПОЛИТИКА
2 мин читање
Бројот на жртви од израелскиот напад врз Јемен се искачи на 35
Министерството за здравство соопшти дека биле погодени цивилни и станбени области, вклучувајќи куќи во населбата Ел-Тахрир во Сана, медицински објект во југозападниот дел на градот и владин комплекс во Ел-Хазм, главниот град на покраината Ел-Џаф
Бројот на жртви од израелскиот напад врз Јемен се искачи на 35
Eкипите за цивилна одбрана и спасување продолжуваат со напорите за гаснење на пожарите што избувнаа како резултат на израелските напади / Reuters
10 септември 2025

Бројот на загинати во израелските воздушни напади врз главниот град на Јемен, Сана и покраината Ал-Џаф, достигна 35, објави јеменското Министерство за здравство.

Според извештаите, 131 лице е рането, а бројот на загинати и повредени веројатно не е конечен, јавува Ал Џезира.

Министерството соопшти дека нападите погодиле цивилни и станбени области, вклучувајќи куќи во населбата Ел-Тахрир во Сана, медицински објект во југозападниот дел на градот и владин комплекс во Ел-Хазм, главниот град на покраината Ел-Џаф.

Според извештаите, екипите за цивилна заштита работат на гаснење на пожарите предизвикани од бомбардирањето и извлекување на преживеани од урнатините.

Порано денес, како што објавија јеменските медиуми, серија експлозии го потресоа јеменскиот главен град Сана по израелскиот воздушен напад, а Министерството за одбрана на Хутите беше меѓу целите на нападот.

Како што објавува „Тајмс оф Израел“, Хутите во Јемен објавија дека воздушната одбрана морала да реагира поради „израелските авиони кои започнале агресија“ против таа земја.

По нападите врз Сирија и Катар, израелската Армија започна воздушни напади и врз Сана, главниот град на Јемен, во последните 48 часа.

Израелската Армија изјави дека биле нападнати цели на Хутите во Сана и Џаф, а меѓу целите биле воени кампови, Центарот за односи со јавноста на војската и магацин за гориво.

Повеќе
Орбан: Време е Урсула фон дер Лајен да си ги спакува куферите
Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на над 27 години затвор за обид за државен удар
Украина изврши масовен напад со беспилотни летала врз Русија
Русија и Белорусија започнаа воени вежби во близина на границата со Полска
Европскиот парламент усвои резолуција со која се бара итна акција за Газа
Повеќето членки на Советот за безбедност ја осудија неказнивоста на Израел по нападот врз Катар
Мадуро: Подготвени сме за вооружена борба ако е потребно
Врховниот суд на Бразил го прогласи поранешниот претседател Болсонаро за виновен за обид за пуч
Непал: Демонстрантите бараат поранешна министерка за правда да ја предводи привремената влада
Крајната десница и левицата во ЕП бараат импичмент на Урсула фон дер Лајен
Зеленски: Новите санкции против Русија се најдобриот одговор на руските упади со дронови во ЕУ
Пропалестински демонстранти протестираа пред британската Амбасада во Вашингтон
Премиерот на Катар: Се подготвува регионален одговор на израелскиот напад врз Доха
Кој беше убиениот Чарли Кирк? Водечки глас меѓу младите поддржувачи на Доналд Трамп во САД
Почина инфлуенсерот Чарли Кирк откако беше застрелан на настан на Универзитетот Јута
Камала Харис: Одобрувањето Бајден да се кандидира беше неодговорно