| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар
„Треба да изградиме систем и секој да се бори за секоја топка. Нема да бидеме фаворити на некои натпревари, но тоа не ни го одзема правото да се бориме“, потенцираше Седлоски.
Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар
Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар / TRT Balkan
23 декември 2025

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски, денеска ја имаше првата прес-конференција. Воедно ова беше негова промоција на новата позиција, на која го наследува Благоја Милевски.

„Голема чест и одговорност во кариерата. Го знам потенцијалот што го има репрезентацијата. Треба да изградиме систем и секој да се бори за секоја топка. Нема да бидеме фаворити на некои натпревари, но тоа не ни го одзема правото да се бориме. Сакам да видам тим, кој ќе се бори до последната минута и очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар. Убеден сум дека ФФМ ќе ни даде најголеми услови, а од поддршка од најблискиот тим Пандев, Новески, Ибраими, Најдоски, ќе направиме успех за нашиот национален состав“, изјави новиот селектор Гоце Седлоски во своето прво обраќање по назначувањето за селектор.

Долгогодишниот капитен на А репрезентацијата Горан Пандев со свое видување за новиот селектор.

„Му честитам на Седлоски. Го знам многу години, сме играле заедно. Се работи за човек што многу дал на мак-фудбалот како играч и последните години и како тренер. Тој е млад перспективен тренер, а знам и дека пред нас следи работа и верувам во него и му посакувам успех“, изјави Горан Пандев.

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ ја образложи одлуката за именувањето на Гоце Седлоски за селектор на националниот тим.

„Упатувам благодарност до Благоја Милевски за досегашните резултати. Но, во фудбалот се случуваат промени и сега имаме нов селектор. Заклучивме дека на репрезентацијата и треба нова енергија, за да може да оствариме голем резултат пласман на Светско првенство. И самиот настап во баражот за нас е успех. Седлоски има „фајтерски“ карактер, а таков беше и како играч. За оние кои не веруваат дека можеме да ја минеме Данска, подобро да не се качуваат во авионот“, рече Омерагиќ.

Своето деби на репрезентативната клуба во својство на селектор, Седлоски кој има одиграно 100 натпревари за националниот тим ќе го има во Копенхаген против Данска во баражот за пласман на Светското првенство. 


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Германските фирми ја гледаат Туркије како стратешки центар за производство и снабдување
Фидан и иранскиот министер за надворешни работи разговараале за регионалните тензии
Арапските држави од Заливот ги повикаа САД да не почнуваат воен напад врз Иран
Американските производители на нафта нудат поддршка во Иран во случај на промена на режимот
Москва ја обвини ЕУ за лицемерие во врска со „Жолтите елеци“ и протестите во Иран
Земјоделците го напуштија Париз, протестите ескалираа во Тулуз
Израел уби двајца Палестинци во Газа во ново кршење на прекинот на огнот
Франција бележи демографски пресврт во 2025 година за првпат после Втората светска војна
Американски сенатори предлагаат закон за спречување на Трамп да го заземе Гренланд
Трамп најави „пресметка и одмазда“ за Минесота поради тужбата против ИЦЕ
Најмалку 22 загинати, 55 повредени при пад на кран врз воз во Тајланд
ОН го предупреди Израел дека ќе го тужи пред МСП поради законот против УНРВА
Бројот на жртви во Иран достигна 2.500, Техеран и Вашингтон разменуваат обвинувања
Венецуела повторно доби пристап до X по повеќе од една година
На иницијатива на премиерот Мицкоски ќе се одржи лидерска средба за реформските закони