| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
ДЗС:Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12 отсто
Највисока стапка на инфлација откако Државната служба за статистика ги прибира овие податоци најмногу е последица на поскапувањето на горивата и храната.
ДЗС:Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12 отсто
Највисока стапка на инфлација откако Државната служба за статистика ги прибира овие податоци     Фото: Ројтерс / Others

Потрошувачките цени во Хрватска во јуни пораснале за 12,1 отсто во однос на истиот месец лани, што е највисока стапка на инфлација откако Државната служба за статистика (ДЗС) ги прибира овие податоци. Ова е најмногу последица на поскапувањето на горивата и храната.

Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, пораснале за 1,1 отсто во јуни во однос на мај, додека скокнале за 12,1 отсто во однос на јуни минатата година, се вели во извештајот ДЗС.

На годишно ниво најголем пораст на потрошувачките цени во просек е забележан во транспортната група од 20,3 отсто и храната и безалкохолните пијалаци за 16,9 отсто.

Растот на цените од 12,1 отсто претставува значително забрзување во однос на мај, кога цените пораснаа за 10,8 отсто на годишна основа.

ИЗВОР:HINA
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев