| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Кои земји од регионот ги посети папата Франциск?
00:00
Кои земји од регионот ги посети папата Франциск?
Кои земји од регионот ги посети папата Франциск? / AA
22 април 2025

Папата Франциск, 266. поглавар на Римокатоличката црква, почина вчера на 88-годишна возраст. Во неговите проповеди честопати се говореше за социјални неправди, повикувајќи ги и политичките и верските водачи да им служат на ранливите.

Папата Франциск беше гласен во повикувањето да се стави крај на војната на Израел против Газа, истакнувајќи дека тоа е геноцид. Тој бараше да престане прогонувањето и врз сите други народи низ светот кои се угнетувани.

Папата Франциск во Скопје во 2019 година

Како поглавар на Римокатоличката црква тој посети бројни земји ширум светот.  Северна Македонија беше 42-ра земја што ја посети папата Франциск од неговото устоличување како понтиф на Римокатоличката црква во 2013 година. 

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, кој почина на 88-годишна возраст, во мај 2019 година ја посети Северна Македонија. 

Посетата беше дел од неговата турнеја во земјава и Бугарија и тоа претставуваше прва посета на еден поглавар на Римокатоличката црква на државава.

На Меѓународниот аеродром во Скопје, папата беше пречекан од тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов и од тогашниот премиер Зоран Заев. Потоа, со највисоки државни почести беше пречекан и во претседателската вила на Водно.

На плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа централниот настан на кој присуствуваа околу 15 илјади луѓе и околу 300 новинарски екипи. Папата Франциск служеше литургија.

Во рамките на посетата, папата ја посети и Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје. Посетата на папата Франциск се одвиваше под силни безбедносни мерки и со посебен сообраќаен режим.

Посетата на папата се совпаѓаше со одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи на Северна Македонија со Ватикан.

Тридневна посета на Грција

Во декември 2021 година, папата Франциск беше во тридневна посета на Грција, а освен средбите што ги имаше во Атина, тој го посети и прифатниот центар за бегалци и мигранти на островот Лезбос. И во април 2016 година, папата го посети островот Лезбос.

Поддршка на соживотот во БиХ

Папата Франциск во јуни 2015 година го посети Сараево, 20 години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина. Тој дојде да искаже подддршка за мирен соживот во земјата.

Посета на Албанија во 2014 година

Во септември 2014 година папата Франциск беше во еднодневна посета на Албанија, во Тирана. Притоа тој ја пофали Албанија за, како што рече, климата на меѓусебно разбирање меѓу Католиците, Православните и Муслиманите.

ИЗВОР:ТРТ Балкан МК
Повеќе
Зошто Иран се потпира на својата доктрина за војување со роење додека се наѕира конфликт со САД
Ердоган: Земјотресите во 2023 година во Туркије предизвикаа штета од околу 250 милијарди долари
Лавров: Не сакаме НАТО да биде вклучен во безбедноста на целиот Евроазиски континент
Мерц: ЕУ е секогаш подготвена за разговори со Русија за завршување на војната во Украина
Франција станува првата земја од ЕУ што отвора генерален конзулат во Гренланд
OН: Вооружени израелски доселеници протерале 900 Палестинци од Западниот Брег од јануари
Најмалку 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во џамија во главниот град на Пакистан
Трамп покрена онлајн продавница за лекови со попуст: Луѓето ќе штедат пари и ќе бидат здрави
Иран ја претстави најнапредната балистичка ракета во својот арсенал
Претседателот на Туркије ја одбележа третата годишнина од земјотресот во 2023 година
Канадскиот премиер Карни: Туркије е значаен партнер за Канада
Како црвен автомобил од Азербејџан стана симбол на солидарност по земјотресот во Туркије во 2023
Војската на САД уништи уште еден наводен нарко-брод во Пацификот
Турски МИТ приведе двајца осомничени соработници на Мосад во Истанбул
Арагчи и Бусаиди се сретнаа пред разговорите САД-Иран во Оман