| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Четворица загинати во Украина во руските напади врз Харков
„Според прелиминарните податоци, четири лица се убиени, а најмалку 13 се повредени, од кои две се деца“, се вели во соопштението на Државната служба за вонредни состојби на Украина
Четворица загинати во Украина во руските напади врз Харков
Четворица загинати во Украина во руските напади врз Харков / AP
 

Украина денес соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 се повредени во ноќниот напад на руски беспилотни летала врз североисточниот град Харков, јавува Анадолу.

„Според прелиминарните податоци, четири лица се убиени, а најмалку 13 се повредени, од кои две се деца“, се вели во соопштението на Државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, во кое се наведува дека цел на нападите биле градските области Шевченковски и Салтивски.

Во утринската изјава гувернерот на Харков, Олех Синјехубов, изјави дека вкупно 15 беспилотни летала биле лансирани кон градот ноќта.

„Во Харков беа оштетени седум приватни куќи, една станбена зграда, електрична мрежа, едно граѓанско претпријатие, четири автомобили и зграда на образовна институција“, додаде Сињехубов.

Во меѓувреме, во подоцнежна изјава на Телеграм украинските воздухопловни сили тврдат дека нивната воздушна одбрана соборила 125 од 162 различни видови беспилотни летала лансирани од Русија.

„Најмногу беа погодени објектите на цивилната инфраструктура и приватните домаќинства во регионите Харков, Чернигов и Днепропетровск“, се додава во соопштението.

Вториот по големина град во Украина, Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, е редовно цел на воздушни напади за време на тековната три и полгодишна војна.

Локалните власти во регионите Чернигов и Днепропетровск не пријавија жртви.

Русија не даде веднаш коментар за нападот, иако нејзиното Министерство за одбрана тврди дека пресретнало 93 украински беспилотни летала лансирани кон земјата ноќта, од кои 45 биле соборени над граничниот регион Белгород.

Повеќе
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
Калифорниската адвокатска комора го истражува адвокатскиот статус на поранешната портпаролка
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“