| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Кремљ ја обвини Естонија за градење „ѕид“ по одлуката да ги затвори сите гранични премини со Русија
„Историјата покажува дека многу земји подигнале ѕидови, а тие ѕидови никогаш не им донеле ништо добро на оние што ги изградиле“, вели портпаролот
Кремљ ја обвини Естонија за градење „ѕид“ по одлуката да ги затвори сите гранични премини со Русија
Кремљ ја обвини Естонија за подигнување „ѕид“ по одлуката да ги затвори сите гранични премини со Русија / AFP (Wire)
 

Денес, Кремљ ја обвини Естонија дека подигнува „ѕид“ меѓу себе и Русија, откако Талин одлучи да ги затвори сите гранични премини меѓу двете земји почнувајќи од 1 декември, обвинувајќи ја Москва за обид за подметнување пожар претходно овој месец.

„Естонија гради ’ѕид‘. Историјата покажува дека многу земји подигнале ѕидови, а тие ѕидови никогаш не им донеле ништо добро на оние што ги изградиле“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите на брифинг, одговарајќи на прашање во врска со одлуката на Талин.

Песков ги нарече обвинувањата за саботажа, упатени кон Русија од страна на Естонија и други европски земји, „целосно неосновани“, нагласувајќи дека Москва ги отфрла овие тврдења.

Изјавата на портпаролот дојде еден ден откако естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахкна, објави дека неговата земја ќе ги затвори сите гранични премини со Русија од 1 декември, по „неуспешен обид за саботажа насочен кон компанија од естонската одбранбена индустрија“.

Цахкна ја соопшти одлуката преку објава на социјалната мрежа „Икс“ (X), наведувајќи дека за неа биле известени властите во Финска, Латвија и Литванија.

Неговата изјава уследи откако естонската Служба за внатрешна безбедност (КАПО) во неделата соопшти дека во саботата наутро бил извршен обид за напад врз просториите на компанијата од одбранбената индустрија „Threod Systems“, која, според нив, произведува беспилотни летала.

По ова соопштение, Цахкна, повикувајќи се на КАПО, напиша на „Икс“ дека обидот за подметнување пожар во естонската одбранбена компанија бил нарачан од руската воена разузнавачка служба, ГРУ.

Подоцна истиот ден, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави за државната новинска агенција ТАСС дека Москва ќе ги провери извештаите, додавајќи: „Но, доколку ова се навистина нивните планови, тогаш тие се вклопуваат во уште еден бран на агресивна и неконтролирана русофобија“.

Во однос на тоа како Москва гледа на вклученоста на Европа во мировните преговори за Украина, Песков потсети дека преговорите, досега, се воделе во трилатерален формат, со посредство на САД. „Исто така, се зборуваше и за можното вклучување на Европејците во овој преговарачки процес. Сепак, ние постојано нагласувавме дека би било корисно директно од самите Европејци да слушнеме во која мера нивниот став навистина би можел да придонесе за мировниот процес“, изјави Песков.

Тој додаде дека изјавите од Европа, кои се однесуваат на континуираната поддршка за Украина и воведувањето дополнителни санкции кон Русија, досега укажуваат на отсуство на волја за олеснување на тековниот мировен процес.

„Но... можеби ќе биде можно да се разјасни ставот на Европејците и да се дојде до некаков заклучок во однос на тоа дали е целисходно тие да учествуваат во преговарачкиот процес во оваа фаза“, додаде тој.

Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите