| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Словенецот Тадеј Погачар по четврти пат го освои Тур де Франс
За Погачар ова е четврта титула на Тур де Франс, со која се изедначи со Британецот Крис Фрум , а со пет титули се само Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индуреин
Словенецот Тадеј Погачар по четврти пат го освои Тур де Франс
Словенецот триумфираше со над 4 мунути предност пред второпласираниот Вингегард / Reuters
28 јули 2025

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар ја заврши формалноста во недела, во последната етапа од овогодинешниот Тур де Франс, и по четврти пат во кариерата победи на тешките искушенија на трката кој почна на 5 јули.

Погачар, кој вози за тимот УAE Тим Емирати, на тој начин по втор пат во кариерата ја освои титулата двапати по ред.

Претходно ја освои оваа трка во 2020, 2021 и 2024 година.

Во годините кога не се искачи на тронот, во 2022 и 2023 година, Данецот Јонас Вингегор славеше на Турот, со кого Погачар водеше големи битки на француските патишта ова лето.

Белгискиот велосипедист Ваут ван Ерт, возач на Висма, славеше во последната 21-ва етапа, која беше возење од 132,3 километри од Мант ла Вил до Париз, при што велосипедистите го поминаа поголемиот дел од времето во француската престолнина.

Долго време, шест возачи беа пред сите на улиците на Париз, вклучувајќи го и Погачар, кој ја прослави својата победа на Тур де Франс со стил. Освен што беше одличен на Пиринеите и Алпите, Погачар дури и ризикуваше во последната етапа, каде што се бореше за етапната победа до последните моменти.

Шест километри пред целта, на едно од кратките искачувања во Париз, Ван Аерт им избега на преостанатите петмина, а Погачар беше последениот што го „скрши“.

Тој ја задржа својата предност до крајот и победи со 19 секунди предност пред првите тројца придружници. Јонас Вингегор, втор во генералниот пласман на Турот, само ја заврши последната етапа и беше седум минути зад Погачар во Париз. Третото место во генералниот пласман го задржа Германецот Флоријан Липовиц пред Британецот Оскар Онли.

Поради дождливото време, лизгавите патишта и генерално опасните услови за велосипедистите во Париз, организаторите одлучија да ги замрзнат времињата, па немаше промени во генералниот пласман.

Погачар се изедначи со Британецот Крис Фрум со својот четврти Тур (2020, 2021, 2024, 2025).

Напред, со пет титули, се само Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индуреин.

„Тоа беше еден од најтешките, ако не и најтешкиот Тур на кој некогаш сум учествувал, Едноставно сум без зборови што го освоив мојот четврти Тур де Франс. Шеста година по ред сум на подиумот, а оваа победа е особено неверојатна за мене и многу сум горд што можам да ја носам оваа жолта маичка“, рече Погачар.

Повеќе
Менаџерот на Манчестер Сити со потпишани дресови го поддржа ампутираниот тим од Газа
Италијанската премиерка ги нарече антиолимписките демонстранти „непријатели на Италија“
Сиетл по вторпат во историјата го освои американскиот Супербоул
Андреј Ѓурчиновски: Најмлад државен првак во македонскиот билијард
Свечено отворање на ЗОИ 2026, олимпискиот оган истовремено ќе се запали и во Милано и во Кортина
Ѓоковиќ против Алкараз во финалето на Австралија Опен
ПСЖ против Монако, Јувентус со Галатасарај во нокаут фазата од Лигата на шампионите
Лига на шампиони: ПСЖ, Реал, Атлетико и Јувентус не обезбедија директен пласман во осминафиналето
Познати полуфиналистите на Европското првенство во Ракомет
Седум навивачи на Паок загинале во сообраќајна несреќа во Романија
Кин: Не сум уверен дека Керик е вистинскиот менаџер за Манчестер Јунјатед
Илија Најдоски – Од Крушево преку Скопје и Белград до европскиот и светскиот фудбалски врв
Лига на шампиони: Арсенал го доби дербито со Интер, Спортинг подобар од ПСЖ
ФИС истражува скандал пред Зимската олимпијада
Македонските ракометари го завршија настапот на Европското првенство
Продолжува Лигата на шампионите: Дербито во Милано каде Интер го пречекува Арсенал
Сенегал победник на Африканскиот куп на нации
Данска сепак пресилна за македонските ракометари
Почнува Европско првенство во ракомет 2026
Мароко и Сенегал ќе играат во финалето на Африканскиот куп на нации