| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
УХМР: И понатаму високи водостои на Вардар и Треска, ЦУК со интервенции во повеќе региони
И понатаму се регистрираат исклучително високи водостои на реката Вардар во горниот тек, како и на реката Треска, каде што постои опасност од излевање, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)
УХМР: И понатаму високи водостои на Вардар и Треска, ЦУК со интервенции во повеќе региони
УХМР: И понатаму високи водостои на Вардар и Треска, ЦУК со интервенции во повеќе региони / MIA
15 февруари 2026

И понатаму се регистрираат исклучително високи водостои на реката Вардар во горниот тек, како и на реката Треска, каде што постои опасност од излевање, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во најновата хидролошка информација. Во текот на вечерта и ноќта ќе се задржи високиот водостој, а се очекува и зголемување на нивото на Вардар во средниот дел од течението.

На останатите реки во западниот дел од земјата, каде претходно беше забележано зголемување, водостоите постепено опаѓаат. Сепак, поради големите количества вода и засилената брзина на течење, реката Треска може да претставува опасност кај времените мостови. Во источниот дел од државата состојбата е главно стабилна, со посериозно зголемување единствено во долниот дел од сливот на реката Струмица, како резултат на обилните врнежи.

Во меѓувреме, Центарот за управување со кризи (ЦУК) во вонреден пресек до 17:00 часот информира дека службите интервенираат во повеќе региони каде има излевање на реки, поплавени домови, свлечишта и затрупани одводни канали.

Во Скопскиот Регион, во Општина Сарај, поплави се регистрирани во Буковиќ и Семениште, при што интервенираат општински екипи, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ и Дирекцијата за заштита и спасување. Во Кумановскиот Регион, во Општина Липково, реката Слупчанка излегла од коритото во селото Опае, при што се зафатени делови од селото и земјоделско земјиште, а излевање е регистрирано и кај Оризаре.

Во Тетово се пријавени проблеми со одводни канали и свлечиште на патот кон Џепчиште, со прекин на сообраќајот, додека патот кон Попова Шапка е прооден, но отежнат и со забрана за тешки товарни возила и автобуси. Најсериозна е состојбата во Гостивар и околните општини, каде се евидентирани поплавени куќи, подруми и стопански објекти, како и затрупани канали. Во Беловиште се интервенирало за заглавени лица во поплавен објект, кои се безбедно извлечени, а во Форино е пријавено излевање на Вардар со ризик за куќите во близина на мостот кон Тумчевиште.

Во Кичево, по излевање на Зајашка река, пријавени се поплавени куќи и дворови на повеќе улици, како и дополнителни околу 30 семејни куќи по пладне, при што е извршена евакуација на стари и изнемоштени лица и деца. Во Охрид состојбата е оценета како стабилна.

Од УХМР и ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат официјалните информации, особено при движење покрај реки и суводолници.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Либанец убиен од израелски дрон пред неговиот дом
Поплавени земјоделски површини и куќи, исклучително висок водостојот на Вардар во горното тек
Иран ги повика САД да преговараат независно од израелското влијание
Украинска делегација замина за Женева на разговори со Русија со посредство на САД за крај на војната
Семејствата на киднапираните Јапонци со омекнат став кон Северна Кореја, бараат враќање на жртвите
Муцунски: Во последните 20 месеци имаме договори од огромно стратешко значење за државата
УХМР: И понатаму високи водостои на Вардар и Треска, ЦУК со интервенции во повеќе региони
Првпат од 1967 година: Израел одобри регистрација на земјиште на Западниот Брег како „државен имот“
Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
Рубио во Минхен повика на зајакнување на трансатлантскиот сојуз заснован на суверенитет
Шефот на турската разузнавачка служба присуствува на Минхенската безбедносна конференција
Ѓуриќ во Минхен: Србија определена за унапредување на партнерската соработка со НАТО
Мицкоски во Минхен: Продолжуваме со убави вести за македонските граѓани
Туркије тврди дека меѓународниот систем ја губи својата способност да решава глобални кризи