| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
Лице на 57 години од Охрид го загуби животот откако вчера се превртело кануто со кое управувал во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро.
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро / TRT Balkan
 

Лице на 57 години од Охрид го загуби животот откако вчера се превртело кануто со кое управувал во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро.

„На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од А.Н.(57) од Охрид“, се вели во соопштението на МВР.

На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Кина ги обвини САД за политичка манипулација
Трамп и Руте разговараа за глобалните конфликти и придонесот на НАТО членките
Лидерите на ЕУ: Посветеност на перспективата за членство во Западен Балкан
УКМТО: Експлозија во близина на танкер во близина на Дубаи
Во израелски напади во Газа загинаа 5 Палестинци, меѓу кои и заменик-министерот за образование
Јужнокорејскиот суд го потврди ослободувањето на соборениот претседател од обвинение за кривоклетсво
Ирак ги демантира извештаите за движење на војници кон курдскиот регион
ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31
Партијата Ликуд на Нетанјаху официјално ги оспори изборните резултати на 120 избирачки места
САД го повикaа Нетанјаху да ги почитува обврските од мировниот план за Газа
Москва демантира дека во војната со Украина загинале околу 500.000 руски војници
Трамп најавува нови тарифи и покрај поразот на средномандатните избори
Криза во израелската опозиција- Демократите на Голан ги прекинаа преговорите со мандатарот Ајзенкот
Туркије ја прошири железничката мрежа за 30% за 25 години, воведува повеќе брзи железнички линии
Протести во повеќе од 60 градови во Грција