| Macedonian
СПОРТ
1 мин читање
Наполи инкасираше 9.5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот
Воедно, Наполи ќе заработи дополнителни 1,5 милиони евра од пријателскиот натпревар што треба да го одигра против освојувачот на Суперкупот на Саудиска Арабија.
Наполи инкасираше 9.5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот
Наполи инкасираше 9.5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот / Reuters
24 декември 2025

Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот на Италија, додека Болоња, која беше поразена во финалето во Ријад, ќе инкасира 6,7 милиони евра, јавија италијанските медиуми.

Воедно, Наполи ќе заработи дополнителни 1,5 милиони евра од пријателскиот натпревар што треба да го одигра против освојувачот на Суперкупот на Саудиска Арабија.

Наполи во понеделникот вечер ја победи Болоња со 2-0 во финалето на италијанскиот Суперкуп, со головите на Давид Нерес во 39. и 57. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во почетниот состав на Наполи и настапи до 68 минута во финалето во Ријад.

Ова беше втор трофеј за Наполи во календарската година, откако во мај ја обезбеди титулата во италијанското првенство.

Поразените полуфиналисти ви Суперкупот, Милан и Интер, ќе добијат по 2,4 милиони евра, додека преостанатите 16 клубови од Серија А ќе поделат по два милиони евра.
Вкупниот награден фонд за овогодишниот Суперкуп на Италија изнесуваше 23 милиони евра.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Германските фирми ја гледаат Туркије како стратешки центар за производство и снабдување
Фидан и иранскиот министер за надворешни работи разговараале за регионалните тензии
Арапските држави од Заливот ги повикаа САД да не почнуваат воен напад врз Иран
Американските производители на нафта нудат поддршка во Иран во случај на промена на режимот
Москва ја обвини ЕУ за лицемерие во врска со „Жолтите елеци“ и протестите во Иран
Земјоделците го напуштија Париз, протестите ескалираа во Тулуз
Израел уби двајца Палестинци во Газа во ново кршење на прекинот на огнот
Франција бележи демографски пресврт во 2025 година за првпат после Втората светска војна
Американски сенатори предлагаат закон за спречување на Трамп да го заземе Гренланд
Трамп најави „пресметка и одмазда“ за Минесота поради тужбата против ИЦЕ
Најмалку 22 загинати, 55 повредени при пад на кран врз воз во Тајланд
ОН го предупреди Израел дека ќе го тужи пред МСП поради законот против УНРВА
Бројот на жртви во Иран достигна 2.500, Техеран и Вашингтон разменуваат обвинувања
Венецуела повторно доби пристап до X по повеќе од една година
На иницијатива на премиерот Мицкоски ќе се одржи лидерска средба за реформските закони