| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг-трошоците за Западен Балкан
Граѓаните од земјите од Западен Балкан ќе може да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилни податоци во Европа по иста цена како дома, а граѓаните на ЕУ ќе имаат исти бенефиции кога патуваат во Западен Балкан.
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг-трошоците за Западен Балкан
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг-трошоците за Западен Балкан / AA

Генералниот секретаријат на Советот на Европската Унија за денес во Брисел закажа состанок на работната група за проширување и земји што преговараат за пристапување во ЕУ, каде што ќе се дискутира за предлогот на Европската комисија за укинување на дополнителните трошоци за роаминг за Западен Балкан, односно проширување на режимот „Роаминг како дома“ (Roam Like at Home).

По успешното завршување на преговорите, граѓаните од земјите од Западен Балкан ќе може да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилни податоци во Европа по иста цена како дома, а граѓаните на ЕУ ќе имаат исти бенефиции кога патуваат во Западен Балкан.

Предлогот не значи автоматско вклучување на Западен Балкан во програмата „Роаминг како дома“, туку ЕУ ќе склучи билатерален договор со секој партнер во Западен Балкан и дека од нив се очекува да ги почитуваат стандардите на политиката за роаминг на ЕУ.

Спогодбата исто така гарантира дека потрошувачите имаат право на ист квалитет и брзина на мобилни мрежи како дома и бесплатно да контактираат со службите за итни случаи.

Погодностите на мобилната комуникација во ЕУ во јули 2025 година беа проширени на Молдавија и Украина.

Програмата „Роаминг како дома“ ЕУ за своите земји членки ја воведе во јуни 2017 година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Германија повика на истрага за наводна тортура врз Палестинци во израелските затвори
Американски конгресмен тврди дека Вашингтон изгубил 39 авиони во војната со Иран
Најмалку осум убени, меѓу кои и два деца во израелските воздушни напади јужно од Бејрут
Туркије ги отфрла како „целосно неосновани“ тврдењата за мешање во политиката на Сомалија
Првата дама на Туркије: На Форумот за нула отпад ќе се дискутира за климатските промени
Израелски окупатори го нападнаа гробот на Јосиф во окупираниот Западен Брег под заштита на армијата
Туркије вели дека бирократските подготовки се завршени за директна трговија со Ерменија
Трамп во Кина ги однесе технолошките директори кои летаат со претседателскиот авион
Кина пред самитот со Трамп негодува за воената соработка САД-Тајван
Австралија распоредува напреден авион за надзор над Ормутскиот Теснец
Трамп повторно провоцира дека Венецуела ќе биде 51. американска сојузна држава
Хантавирус: Карантинот се шири, СЗО предупредува дека кризата не е завршена
Стармер одбива да се повлече по првата министерска оставка, а бунтот на лабуристите се продлабочува
Пентагон: Војната на САД против Иран досега чини 29 милијарди долари
Ердоган: Туркије го заштити синџирот на снабдување со храна и покрај глобалните конфликти