| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Скопје и Сараево меѓу големите градови со најзагаден воздух во светот
Овие податоци покажуваат дека воздухот во овие два града значително ги надминува вредностите препорачани од Светската здравствена организација, особено за фините честички ПМ 2,5 што се поврзани со респираторни и кардиоваскуларни заболувања
Скопје и Сараево меѓу големите градови со најзагаден воздух во светот
Скопје и Сараево меѓу големите градови со најзагаден воздух во светот / AFP
 

Според податоците во реално време од „IQAir“, швајцарска компанија што го следи квалитетот на воздухот во светот, Скопје и Сараево се рангирани меѓу големите градови со најзагаден воздух во светот.

На листата на големи градови со највисок индекс на загадување на воздухот (AQI), Сараево е рангиран на второ место во светот, со високо ниво на честички PM2,5, што се смета за опасно за здравјето. На ова рангирање главниот град на Босна и Херцеговина се наоѓа само по градот Лахор во Пакистан.

Македонскиот главен град Скопје, исто така, е рангиран многу високо, на петто место во светот по загадување на воздухот, а пред него, на трето и четврто место, се Калкута и Њу Делхи во Индија.

Овие податоци покажуваат дека воздухот во овие два града значително ги надминува вредностите препорачани од Светската здравствена организација, особено за фините честички ПМ 2,5 што се поврзани со респираторни и кардиоваскуларни заболувања.

Според експертите, главни причини за загадување на воздухот во регионот се големата употреба на јаглен и горива со низок квалитет, големиот број стари возила со слаби системи за филтрирање, недоволно ефикасните контроли во индустриските зони и географските услови што ја ограничуваат циркулацијата на воздухот, предизвикувајќи акумулација на загаден воздух во урбаните центри.

Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев