| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Три лица загинаа во украинскиот напад врз регионот Херсон, што е под контрола на Русија
Криминалниот режим на Киев ја гранатираше регионалната болница Алјошкин, три лица загинаа, две лица беа повредени, сите настрадани се вработени во медицинската установа, изјави Владимир Салдо, раководител на регионот
Три лица загинаа во украинскиот напад врз регионот Херсон, што е под контрола на Русија
Руското Министерство за одбрана објави дека 287 украински беспилотни летала се неутрализирани од системите за воздушна одбрана над руските територии / Reuters
11 декември 2025

Украинските сили нападнаа болница во Алјошки, во делот од областа Херсон, што е под контрола на Русија, при што се убиени три медицински лица, а уште двајца биле повредени.

„Криминалниот режим на Киев ја гранатираше регионалната болница Алјошкин. Три лица загинаа. Две лица беа повредени, меѓу кои и една жена. Сите загинати и повредени се вработени во медицинска установа. Една од зградите е тешко оштетена“, напиша на платформата Телеграм Владимир Салдо, раководител на регионот назначен од Русија.

Тој додаде дека екипите за итни случаи се на местото на настанот, а повредените добиваат медицинска помош, а еден маж е во тешка состојба на интензивна нега.

„Ова гранатирање е уште едно гнасно воено злосторство, за кое се способни само никаквеци кои целосно го изгубиле својот човечки изглед“, рече Салдо.

Руското Министерство за одбрана, пак, објави дека 287 украински беспилотни летала се неутрализирани од системите за воздушна одбрана над руските територии, вклучувајќи ја и Москва.

Министерството објави дека украинската Армија започнала напад со беспилотни летала врз руските територии.

Во соопштението се наведува дека синоќа помеѓу 23:00 и 7:00 часот по локално време, 287 беспилотни летала се уништени од системите за воздушна одбрана, од кои 40 се соборени над Москва, а другите над регионите Брјанск, Калуга, Тула, Новгород, Јарослав, Липецк, Смоленск, Курск, Орјол, Воронеж и Рјазан.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на својот профил на платформата Телеграм објави дека се работи на местата каде што паднале остатоците од соборените дронови.

Во меѓувреме, воведени се привремени ограничувања за слетување и полетување на авиони на аеродромите во некои градови низ земјата.

Објавено е дека приближно 400 летови биле одложени или откажани на аеродромите во главниот град Москва.

Повеќе
Бројот на жртви во пожарот во трговски во Пакистан се искачи на 67
Трамп: Ќе дојде ли НАТО да ја брани јужната граница на САД
Туркије: Во Сирија уништени тунели во должина од 752 километри
Трамп: Се работи на договорот за Гренланд, тој ќе биде исклучително добар за САД
Ердоган му рекол на Пезешкијан дека Туркије се спротивставува на странска интервенција во Иран
Трамп ја потпиша повелбата на Одборот за мир
Четири нови е-услуги од ФЗОМ достапни за граѓаните и компаниите преку uslugi.gov.mk
Трамп: Имавме многу добар состанок со Зеленски за крај на војната
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе биде отворен во двата правца
Стаб: Русија не победува на военото поле во Украина
Словенија се воздржува од приклучување кон мировниот одбор за Газа, поддржан од САД
НАТО: Руте не даде никакви компромиси за суверенитетот на Гренланд
Виткоф: Преговорите за решение на украинската војна се при крај
Привремената претседателка на Венецуела ќе ги посети Соединетите Американски Држави
Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир