СПОРТ
2 мин читање
Финалето во Лигата на шампиони од наредната година во попладневен термин
„Нашата цел е денот на финалето на Лигата на шампиони да биде навистина пријатно искуство за сите што сакаат да бидат дел од настанот, а воедно ќе создадеме и пријатна атмосфера за семејствата и децата.“
Финалето во Лигата на шампиони од наредната година во попладневен термин
Финалето во Лигата на шампиони од наредната година во попладневен термин / TRT Balkan
28 август 2025

Неколку часа пред денешната жрепка за Лигата на шампиони, УЕФА објави дека терминот за почеток на финалето ќе биде поместен од 21:00 на 18:00 часот, почнувајќи од оваа сезона.

Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона ќе се игра на 30 мај следната година во Будимпешта, а УЕФА верува дека поместувањето на почетокот на натпреварот за три часа порано ќе го подобри искуството за навивачите и играчите, а воедно ќе им овозможи на градовите домаќини да заработат повеќе пари и ќе ја оптимизира логистиката на самиот настан.

„Нашата цел е денот на финалето на Лигата на шампиони да биде навистина пријатно искуство за сите што сакаат да бидат дел од настанот, а воедно ќе создадеме и пријатна атмосфера за семејствата и децата. Навивачите што патуваат на натпреварот ќе имаат полесен пристап до јавниот превоз, особено по натпреварот, а со тоа и побезбедно и поудобно враќање од стадионот“, објави УЕФА

„За градовите домаќини, оваа промена ќе го зајакне позитивното економско влијание бидејќи навивачите ќе имаат можност да продолжат со своите прослави по натпреварот. Пораниот почеток на натпреварот исто така значи дека помладите гледачи кои ќе го гледаат натпреварот на телевизија ќе можат полесно да го чекаат крајот“, додаде европската куќа на фудбалот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Тежок пораз на српските фудбалери против Англија во Белград
Туркије е првиот полуфиналист на Еуробаскет по победата против Полска
Алкараз победник на УС Опен по убедливата победа против Синер
Женската одбојкарска репрезентација на Туркије стигна до првото светско финале
Сабаленка и Анисимова во финалето на УС Опен
Квалификации за СП: Словачка ја победи Германија, Туркије славеше во Грузија
Евробаскет: БиХ, Србија, Словенија и Туркије се пласираа во осминафиналето
Едерсон од Сити се пресели во Фенербахче
Вредноста на тимот на Мекларен во Формула 1 се проценува на 3,46 милијарди евра
Нема да има дуел меѓу Црвена звезда и Динамо во лигашката фаза во Лигата на Европа
Фенербахче му даде отказ на Мурињо
Картичка со автограм на НБА легендите Џордан и Брајант продадена за 12,9 милиони долари
Алонсо: Против Овиедо одигравме многу комплетен натпревар
Ниту една фудбалска ѕвезда не смее да го урива авторитетот на судијата
Клубовите од Премиер лигата потрошија рекордни 2.37 милијарди фунти
Шкендија со пресврт го совлада Лудогорец