СПОРТ
1 мин читање
Вредноста на тимот на Мекларен во Формула 1 се проценува на 3,46 милијарди евра
Сопствениците на Мекларен Груп - суверениот бахреински фонд Мумталакат и СИВН Холдингс (CYVN Holdings) од Абу Даби - ќе купат 30 проценти од акциите на тимот во Ф1 од малцинските инвеститори
Вредноста на тимот на Мекларен во Формула 1 се проценува на 3,46 милијарди евра
Мекларен лани го освои тимското првенство за прв пат по 26 години, а Пјастри и Норис се главни кандидати за титулата, што би била прва од 2008 година / AP
1 септември 2025

Вредноста на тимот на Мекларен во Формула 1 ќе се процени на околу 3,46 милијарди евра на претстојната продажба на акции, објави денес Блумберг, повикувајќи се на два анонимни информирани извори.

Сопствениците на Мекларен Груп - суверениот бахреински фонд Мумталакат и СИВН Холдингс (CYVN Holdings) од Абу Даби - ќе купат 30 проценти од акциите на тимот во Ф1 од малцинските инвеститори.

Тимот на Мекларен, под водство на извршниот директор Зак Браун, минатата година го освои тимското првенство за прв пат по 26 години, а возачите Оскар Пјастри и Ландо Норис во моментов се главни кандидати за титулата, што би била прва за Мекларен од 2008 година.

Покрај успехот на патеката, Мекларен привлекува внимание и во бизнисот.

Неодамна, колекција од 20 ретки автомобили на Мекларен, некогаш во сопственост на починатиот ко-основач Мансур Оџе, беше продадена за повеќе од 60 милиони евра, објави Ројтерс.

Круната на колекцијата е последниот автомобил од Ф1 што го изгради Мекларен, со В12 мотор од 618 коњски сили кој забрзува од 0 до 97 км/ч за само 3,2 секунди.

Целата колекција сега е во сопственост на еден купувач кој сакаше да остане анонимен, објавија медиумите.

Повеќе
Тежок пораз на српските фудбалери против Англија во Белград
Туркије е првиот полуфиналист на Еуробаскет по победата против Полска
Алкараз победник на УС Опен по убедливата победа против Синер
Женската одбојкарска репрезентација на Туркије стигна до првото светско финале
Сабаленка и Анисимова во финалето на УС Опен
Квалификации за СП: Словачка ја победи Германија, Туркије славеше во Грузија
Евробаскет: БиХ, Србија, Словенија и Туркије се пласираа во осминафиналето
Едерсон од Сити се пресели во Фенербахче
Нема да има дуел меѓу Црвена звезда и Динамо во лигашката фаза во Лигата на Европа
Фенербахче му даде отказ на Мурињо
Финалето во Лигата на шампиони од наредната година во попладневен термин
Картичка со автограм на НБА легендите Џордан и Брајант продадена за 12,9 милиони долари
Алонсо: Против Овиедо одигравме многу комплетен натпревар
Ниту една фудбалска ѕвезда не смее да го урива авторитетот на судијата
Клубовите од Премиер лигата потрошија рекордни 2.37 милијарди фунти
Шкендија со пресврт го совлада Лудогорец