| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
Концертниот албум на Трпчески номиниран за меѓународните награди за класична музика - ICMA
За едно издание да биде номинирано, потребно е да биде предложено од најмалку двајца членови на жирито.
Концертниот албум на Трпчески номиниран за меѓународните награди за класична музика - ICMA
Концертниот албум на Трпчески номиниран за меѓународните награди за класична музика - ICMA / Other
 

Меѓународните награди за класична музика (ICMA) ги објавија номинациите за своите награди за 2027 година, оддавајќи им признание на најдобрите музичари и музички изданија. Меѓу номинираните се голем број реномирани солисти, ансамбли, диригенти и оркестри, како и многу млади музичари, од кои голем дел се номинирани за првпат.

Во 16 категории се номинирани околу 350 аудио и видео изданија, објавени од стотина издавачки куќи од Европа, Азија и Северна Америка. 

За едно издание да биде номинирано, потребно е да биде предложено од најмалку двајца членови на жирито. Издавачките куќи со најголем број номинации се Alpha, Naxos, Harmonia Mundi и Pentatone. 

„Изданието на Linn Records на кое нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески е обединет со данскиот диригент Томас Сондергард и Кралскиот шкотски национален оркестар, во изведбата во живо на два концерта за пијано и оркестар од Камиј Сен-Санс,  ја понесе номинацијата за најдобро концертно издание“, информира „КултурОп“.

Потсетуваат дека станува збор за снимка од концертите одржани во февруари и јуни 2024 година во Кралската концертна сала во Глазгов.   За насловната страница на ЦД изданието е искористено делото „Пејзаж“ на македонскиот ликовен уметник Славчо Спировски.

Од „КултурОп“ наведуваат дека голем број авторитетни светски медиуми со суперлативи го оценија ова издание на кое елитната екипа ги изведува Концертот број 2 и Концертот број  5 - „Египетски“ на познатиот француски композитор.

„Ним деновиве им се приклучи и реномираната германска критичарка на „Пијано њуз“ и „Магазинот за камерна музика Енсембле“, Изабел Федрици, која во својата рецензија подвлекува дека со ова издание „македонскиот пијанист Симон Трпчески претставува уште еден импресивен доказ за својата совршена техника, брилијантност и музикалност“, оценувајќи го со највисока оценка и означувајќи го како „инспиративна и револуционерна снимка“ “, наведуваат од „КултурОп“.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите