Лицата со попреченост се соочуваат со бројни предизвици
РЕГИОН
4 мин читање
Лицата со попреченост се соочуваат со бројни предизвици„Едно се принципите, а друго реалноста, во која се соочуваме со бројни бариери, несоодветни јавни политики, неадаптирани институции и неадекватна инфраструктура“, нагласи претседателката.
Лицата со попреченост се соочуваат со бројни предизвици / TRT Balkan
3 декември 2025


Со бројни информативно-едукативни и други активности во земјата, регионот и ширум светот се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост - 3 Декември.

По тој повод, претседателкатa Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Аbility awards“, што во пресрет на 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одржа во организација на платформата „Абилитист“ којашто се бори за инклузија на лицата со попреченост.

Според претседателката, надминувањето на предизвиците е заедничката должност и одговорност да се гради општество во кое достоинствениот живот не е само етички идеал, туку реална човечка потреба, потсетувајќи дека промените не зависат само од индивидуални напори, туку од континуирана посветеност и координираната работа на надлежните сектори.

Во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претседателката истакна дека овој ден е потсетник за колективната и индивидуалната одговорност.

Таа потсети на обврските од Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, која го замени застарениот медицински пристап со модел заснован на права, автономија и партиципација.

„Но едно се принципите, а друго реалноста, во која се соочуваме со бројни бариери, несоодветни јавни политики, неадаптирани институции и неадекватна инфраструктура“, нагласи претседателката.

Исто така, претседателката Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост денес го посети Државното средно училиште со ресурсен центар „Партенија Зографски“ Скопје.

На 28 ноември, по повод Меѓунарордниот ден на лицата со попреченост, во Скопје се одржа средба насловена „Запознавање со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и улогата на Народниот правобранител“, во Центарот за социјални претпријатија во Скопје.

Учесниците во настанот укажаа на реалните и конкретните проблеми како што се: отежнатиот пристап до функционална проценка за попреченост; нередовна исплата на личните асистенти и други даватели на помош, што влијае врз континуитетот и квалитетот на поддршката за корисниците; премалку образовни асистенти, особено во однос на основните училишта; човек во ортопедска количка кој не може да влезе во здравствена установа затоа што нема пристапна рампа; итн.


Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик народен правобранител и одговорна за мониторинг на Конвенцијата при Народниот правобранител, нагласи дека со ратификацијата на Конвенцијата во 2011., државата се обврза да ги почитува правата на своите граѓани со попреченост.

„Лицата со попреченост, не само кај нас, туку и ширум светот, и денес се соочуваат со широк опсег на повреди на човековите права, вклучително и дискриминација, стигма и изолација. Многу лица со попреченост немаат пристап или имаат отежнат пристап до јавни добра и услуги, здравствена заштита, образование, социјални услуги базирани во заедницата и можности за вработување. Недостасува доследна и целосна практична имплементација на Конвенцијата, па оттаму потребни се уште многу напори од страна на сите нас, за да може да го наречеме нашето општество – фер и инклузивно“, истакна Бајрамовска-Мустафа.

Меѓународниот ден Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со вицепремиерот задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, министерот  за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Армен Григорјан, в.д. постојан координатор на ООН, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за здравство, заедно со Министерството за социјална политика и со поддршка на Светска банка работи на отпочнување заеднички пилот-проект за воспоставување сеопфатен систем за проценка на лицата со попреченост, прв чекор кон создавање единствен регистар и унапредување на законската рамка за проценка и обезбедување на правото на надоместокот за помош и нега од друго лице. 

3 декември секоја година, од 1992 година, од страна на Обединетите нации се идентификува како Меѓународен ден на лицата со попреченост.

Според проценките на Светската здравствена организација, околу 15% од населението се лица со попреченост. Според проценките на организациите во чиј фокус е работа со лицата со попреченост и во Република Северна Македонија околу 15 отсто од населението се лица со попреченост.



ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Турскиот и францускиот шеф на дипломатијата на средба во Анкара
Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од 12 часот
Турскиот министер за надворешни работи оствари средба со нигерискиот колега
Кина: Договорот со Канада не е насочен против САД
Германскиот министер за одбрана бара извинување од САД по коментарите на Трамп за Авганистан
Израел: Преминот Рафа во Газа ќе биде отворен, но со ограничувања
Кремљ: Следната рунда преговори со Украина ќе се одржи во Абу Даби
Рубио разговараше со Ал-Судани за пренесување терористи на ДАЕШ во ирачки објекти
Полскиот претседател вели дека Русија ќе остане закана за Европа
Еден Палестинец е убиен во израелски оган во Газа
Ердоган: Борбата против терористичката група ДЕАШ се зајакнува
Како Туркије се стреми да стане глобален лидер во зелената енергија
Зошто амбицијата на Трамп за Гренланд насекаде има отпечатоци од Силиконската долина
Надеж со доза на резерва: Како Палестинците го гледаат новиот план за управување со Газа
Трамп го искористи привидението на шверц на дрога за да ја нападне Венецуела- ова се фактите