| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
СЗО: Повеќе од 17 милиони Европејци имале долготраен Ковид-19
Во истражувањето што го спроведе Европската дирекција на СЗО со Институтот за мерење и евалуација на здравјето (IHME), поврзан со Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон, беа споделени податоци за првите две години од пандемијата
СЗО: Повеќе од 17 милиони Европејци имале долготраен Ковид-19
Долготрајниот Ковид-19 погодува двојно повеќе жени           Фото: Ројтерс / Others

Повеќе од 17 милиони Европејци имале Ковид-19 во 2020 и 2021 година, процени Светската здравствена организација (СЗО), која повика на подобра грижа за тие пациенти.

Во истражувањето што го спроведе Европската дирекција на СЗО со Институтот за мерење и евалуација на здравјето (IHME), поврзан со Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон, беа споделени податоци за првите две години од пандемијата.

Според истражувањето, во периодот 2020-2021 година, најмалку 17 милиони луѓе во 53 земји од европскиот регион на СЗО имале долготрајни симптоми на Ковид-19, што траеле најмалку три месеци.

Замор, кашлица, отежнато дишење, повремено покачена телесна температура, губење на вкус и мирис и депресија се некои од симптомите на долготрајниот Ковид-19 што обично се појавуваат во првите три месеци по инфекцијата и траат најмалку два месеца.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека причините и последиците од долготрајниот Ковид-19 сè уште не се познати.

„Милиони луѓе во нашиот регион сè уште страдаат од благи симптоми на Ковид-19 неколку месеци по првото заразување. Владите наоѓаат решенија со здравствените институции, работејќи заедно“, рече Клуге.

Долготрајниот Ковид-19 погодува двојно повеќе жени, според податоците на СЗО, чии проценки се засноваат на истражување на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME).

Директорот на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME), Кристофер Мареј, рече дека според неговото истражување, 145 милиони луѓе низ светот биле погодени од долготраен Ковид-19 во 2020 и 2021 година.

Мареј нагласи дека здравјето и секојдневниот живот на овие луѓе се сериозно засегнати.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
Калифорниската адвокатска комора го истражува адвокатскиот статус на поранешната портпаролка
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“