| Macedonian
КУЛТУРА
4 МИН ЧИТАЊЕ
На секои 2 минути по една жена умира за време на бременост или породување
Извештајот насловен „Трендови во морталитетот на мајките“ откри алармантни податоци во областа на здравјето на жените во последните неколку години, со оглед на тоа што смртноста на мајките се зголемува или стагнира во речиси сите региони во светот
На секои 2 минути по една жена умира за време на бременост или породување
На секои 2 минути по една жена умира за време на бременост или породување / Photo: AA Archive / AA Archive

На секои две минути во светот по една жена умира за време на бременост или породување, се наведува во новиот извештај на агенциите на Обединетите нации (ОН).

Извештајот насловен „Трендови во морталитетот на мајките“ откри алармантни податоци во областа на здравјето на жените во последните неколку години, со оглед на тоа што смртноста на мајките се зголемува или стагнира во речиси сите региони во светот.

Во извештајот се посочува дека е можен напредок во оваа област.

„Иако бременоста треба да биде време на голема надеж и позитивно искуство за сите жени, тоа е трагично и сè уште шокантно опасно искуство за милиони жени низ светот кои немаат пристап до висококвалитетна здравствена заштита“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО).

„Овие нови статистички податоци ја откриваат итната потреба да се осигура дека секоја жена и девојка имаат пристап до критичните здравствени услуги пред, за време и по породувањето и дека можат целосно да ги остварат своите репродуктивни права.“

Извештајот ги следеше смртните случаи на мајки на национално, регионално и глобално ниво од 2000 до 2020 година. Тој покажа дека во 2020 година имало околу 287.000 смртни случаи на мајки низ светот.

Ова е благо намалување во однос на 2016 година кога беа забележани 309.000 смртни случаи.

Иако извештајот покажа одреден напредок во намалувањето на смртноста на мајките во периодот помеѓу 2000 и 2015 година, тој е во застој, додека во некои случаи ситуацијата се влошува.

Во два од осум региони на ОН, Европа и Северна Америка, стапката на смртноста на мајките се зголемила од 2016 до 2020 година за 17 отсто, а во Латинска Америка и Карибите за 15 отсто. Во другите региони, стапката на смртност стагнира.

Во 2020 година, околу 70 отсто од сите смртни случаи на мајки биле регистрирани во Супсахарска Африка.

Генерално, смртноста на мајките останува концентрирана главно во најсиромашните делови на светот и во земјите погодени од конфликти.

Два региони, Австралија и Нов Зеланд, и Централна и Јужна Азија, забележаа значителен пад од 35 и 16 отсто во стапките на мајчинска смртност во овој период, како и 31 земја во светот.

„За милиони семејства, чудото на породувањето е заменето со трагедијата на смртта на мајката. Ниту една мајка не треба да се плаши за својот живот додека носи бебе на светот, особено кога знаењето и алатките се достапни за лекување на вообичаените компликации“, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел.

Таа рече дека правичноста во здравствената заштита ѝ дава на секоја мајка фер шанса за безбедно породување и здрава иднина со своето семејство.

Во девет земји кои се соочуваат со тешки хуманитарни кризи, стапките на смртноста кај мајките беа повеќе од двојно од глобалниот просек, со 551 случај на смртност на мајки на 100.000 живородени деца, во споредба со глобалниот просек од 223 случаи.

„Со итна акција, повеќе инвестиции во примарната здравствена заштита и посилни, поотпорни здравствени системи, можеме да спасиме животи, да го подобриме здравјето и благосостојбата и да ги унапредиме правата и можностите за жените“, рече Хуан Пабло Урибе, директор на Светската банка за здравство, исхрана и население.

Во извештајот се наведува и дека можеби и пандемијата на Ковид-19 дополнително го запрела напредокот во здравствената заштита на мајките.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Скопското Кале добива нов лик и функционалност, музеите ќе бидат дел од понудата за „Скопје 2028“
Во турскиот антички град Блаундос откриени нови остатоци од ерата на Александар Македонски
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ најдобaр игран  филм на 14. Џифони Македонија
Италијанскиот филм „Лагат - Невозможен сон“ вечерва го отвора 14. „Џифони Македонија“
Светови зад затворени очи: Отворено 14. издание на „ПРО-ЗА Балкан"
Специјалитетите на македонската кујна ќе бидат претставени на гастрономски фестивал во Коња
„35 години – 35 предмети – 35 приказни“ во Археолошкиот музеј
Првата дама на Туркије присуствуваше на културен настан со сопругите на лидерите во Киргистан
Истанбул: Програма посветена на придонесот на турските серии за глобалниот бренд на Туркије
„Само сонот е стварност“: Започна 17-то издание на „МакеДокс“
Во кафулето отворено од Музејот на дијалог во Истанбул нарачките на кафе се прават на знаковен јазик
Сирија: 91 годишниот Ризкулах Абд од Алепо ја чува културната меморија со архива од милион книги
Што „крие“ Женскиот пазар во Скопје?
Ткаат за традицијата, заработуваат за семејството: Жените од Газиантеп го чуваат старото мајсторство
Пропалестински активисти повикуваат на бојкот на новиот филм за Спајдермен
Во подрум во Дамаск 41 година ја одржува жива уметноста на калиграфијата
Како муслимански астроном од Ал-Андалуз ја научи Европа да го чита небото
Под мотото „Само сонот е стварност“ од 20 до 27 август ќе се одржи 17-тото издание на „МакеДокс“
Почина актерот Гоце Тодоровски
Во Скопје отворена изложбата „Сведочи“ на фотографот Енгин Узун