| Macedonian
КУЛТУРА
4 мин читање
Италијанскиот филм „Лагат - Невозможен сон“ вечерва го отвора 14. „Џифони Македонија“
Повеќе од 80 филмови, 8 работилници, над 400 учесници и гости од повеќе европски земји на годинешното издание на Младинскиот филмски фестивал чија тема е „Невозможните нешта“
Италијанскиот филм „Лагат - Невозможен сон“ вечерва го отвора 14. „Џифони Македонија“
Фестивалот создава простор во кој младите од различни училишта и градови се запознаваат, создаваат заедно и ги споделуваат своите погледи кон светот
 

Што им изгледа невозможно на младите луѓе денес? Дали невозможното е навистина граница или само нешто што сè уште не сме научиле да го замислуваме, разбереме или направиме? Токму овие прашања се во фокусот на годинешното издание на Младинскиот филмски фестивал Џифони Македонија (Giffoni Macedonia) , чија тема е „Невозможните нешта“ (The Impossible Things).

Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 19 часот во киното „Фросина“ во Скопје, со проекција на италијанскиот филм „Лагат- Невозможен сон“ од 2025, во режија на Мајкл Зампино.

Филмот раскажува за Андреа, кој како тинејџер бил сметан за многу надежен џокеј, но по смртта на својата мајка ги напуштил тркачките патеки. Случајната средба со Тони, неговиот поранешен тренер во коњичкиот клуб „Сан Росоре“, го наведува Андреа да поверува дека повторно може да стане успешниот џокеј што некогаш бил.

Следејќи го светот на генерацијата Z, но и на најмладата генерација Алфа, свет кој се менува со огромна брзина, Џифони Македонија годинава отвора простор за приказни што се послоевити, похрабри и поблиски до сложената реалност на младите.

Промените не се однесуваат само на возрасните граници – тие се одразуваат и во начинот на кој младите ги доживуваат филмовите, кратките видеоформати, медиумите и светот околу себе.

Целта на фестивалот е да понуди филмови кои на денешните тинејџери ќе им се обратат со искреност и длабочина, почитувајќи ја нивната зрелост и нивната потреба за приказни во кои можат да ја препознаат сопствената сложена реалност.

Зборот „невозможно“ звучи како пречка. Но, во него постои и една противречност – тој негира, но истовремено упатува на нешто што сè уште не сме научиле да го правиме, замислуваме или во што не сме научиле да веруваме.

Затоа, „Невозможните нешта“ не се фокусираат само на големи апстрактни идеи. Темата ги опфаќа и малите и големите невозможности со кои секојдневно се соочуваме.

За фестивалот досега се пријавени повеќе од 400 учесници, а се очекува и учество на околу 30 млади гости од Италија, Данска, Романија, Србија и Косово.

„Невозможните нешта“ не бараат од младите да го надминат невозможното. Напротив, ги покануваат да го препознаат – да се соочат со она што не може да се контролира, реши или целосно разбере и токму во таа средба да пронајдат нов вид свесност.

Годинешната програма носи над 80 долгометражни и кратки филмови, распоредени во повеќе натпреварувачки програми.

Фестивалската публика и учесниците ќе имаат можност да ги следат натпреварувачките селекции за: најдобар долгометражен филм, најдобар краток филм, најдобар анимиран филм, најдобар филм направен од ученици од основните и средните училишта.

На фестивалот ќе бидат претставени и најновите кратки филмови на македонските автори Крсте Господиновски, Ханис Багашов, Трифун Ситниковски, Оливера Каменаровска, Лора Милошевска, Кирил Цеков и Фросина Захда.

Натпреварувачката програма ќе биде отворена со македонскиот игран филм „Скејбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума.

Од регионот годинава пристигнува и црногорскиот игран филм „Видра“, во режија на Срџан Вулетиќ, додека во јуниорската селекција ќе биде прикажан хрватскиот филм „Вториот дневник на Паулина П.“, во режија на Невен Хитрец.

Останатите долгометражни филмови доаѓаат од различни европски земји, додека краткометражната програма носи филмови од целиот свет. Фестивалот и годинава ќе овозможи директна средба меѓу младата публика и филмските автори.

Досега се потврдени гостувања на четворица режисери на долгометражните филмови, кои по проекциите ќе разговараат со учесниците и ќе одговараат на нивните прашања.

Токму овие средби се еден од клучните сегменти на Џифони Македонија - филмот не завршува со одјавната шпица, туку продолжува низ дискусина, со прашањата и размената на искуства, со што се поттикнува критичката мисла кај младите.

Покрај филмската програма, фестивалот годинава нуди и 8 работилници, преку кои младите ќе имаат можност активно да создаваат, учат и соработуваат.

И оваа година заедно со Пакомак ќе се спроведува акцијата за селектирање и рециклирање, а како новитет се воведува и ЕКО ЛАБ работилница поддржана од Град Скопје. На оваа работилница младите ќе ги рециклираат пластичните шишиња правејќи нови предмети со 3Д печатач.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија, Италијанскиот културен инстиут, Џифони Експириенс, Град Скопје, како и општините Карпош, Центар и Кисела Вода.

Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата