Што „крие“ Женскиот пазар во Скопје?
КУЛТУРА
2 мин читање
Што „крие“ Женскиот пазар во Скопје?На Женскиот пазар се доаѓа за материјал за свечена облека, за мало делче потребно за некоја поправка или за предмет што тешко се наоѓа на друго место
Што „крие“ Женскиот пазар во Скопје?

Во близина на Бит-пазар, на самиот раб од Старата скопска чаршија, се наоѓа простор во кој речиси секоја замисла може да добие свој облик. Женскиот пазар е лавиринт од мали дуќани исполнети со текстил, конци, копчиња, украси, алати и безброј ситници – од оние што секојдневно ни се потребни до предмети за кои не сме ни знаеле дека постојат.

Иако денес е најпрепознатлив по богатата понуда на текстилни материјали, пазарот низ годините се менувал и се приспособувал на потребите на купувачите. Бурак Туша, еден од сопствениците на дуќан на Женскиот пазар, во разговор за ТРТ Балкан раскажува дека во деведесеттите години просторот бил познат по продажбата на стар мебел, а подоцна постепено се пренаменил во пазар за текстил и друга разновидна стока.

За него, овој простор не е само место за работа, туку дел од семејната историја. Знаењето и искуството се пренесувале од постарите на помладите, а продавачите што со години работат едни покрај други изградиле посебна блискост.

„Ние се знаеме секој со секого и што и да треба, тука сме еден за друг, како една цела фамилија“, вели Туша.

Токму компактноста и разновидноста се меѓу главните особености на Женскиот пазар. На мал простор може да се најде речиси сè, без долго пребарување низ различни делови од градот. Според Туша, тоа го прави пазарот интересен и за помладите посетители, кои покрај широката понуда ги привлекуваат и пристапните цени.

Но, купувањето не е единствената причина поради која луѓето се враќаат. Дел од посетителите доаѓаат поради чувството на блискост, традицијата и непосредниот однос со продавачите.

„Има клиенти што не доаѓаат само поради цената или стоката. Доаѓаат затоа што ова е Женскиот пазар, затоа што тука има традиција и историја“, посочува Туша, опишувајќи го местото како народско и автентично, без ништо вештачко.

На Женскиот пазар се доаѓа за материјал за свечена облека, за мало делче потребно за некоја поправка или за предмет што тешко се наоѓа на друго место. А понекогаш, меѓу полиците преполни со најразлични нешта, посетителите откриваат и нешто што воопшто не планирале да го бараат.

Повеќе
Светови зад затворени очи: Отворено 14. издание на „ПРО-ЗА Балкан"
Специјалитетите на македонската кујна ќе бидат претставени на гастрономски фестивал во Коња
„35 години – 35 предмети – 35 приказни“ во Археолошкиот музеј
Првата дама на Туркије присуствуваше на културен настан со сопругите на лидерите во Киргистан
Истанбул: Програма посветена на придонесот на турските серии за глобалниот бренд на Туркије
„Само сонот е стварност“: Започна 17-то издание на „МакеДокс“
Во кафулето отворено од Музејот на дијалог во Истанбул нарачките на кафе се прават на знаковен јазик
Сирија: 91 годишниот Ризкулах Абд од Алепо ја чува културната меморија со архива од милион книги
Ткаат за традицијата, заработуваат за семејството: Жените од Газиантеп го чуваат старото мајсторство
Пропалестински активисти повикуваат на бојкот на новиот филм за Спајдермен
Во подрум во Дамаск 41 година ја одржува жива уметноста на калиграфијата
Како муслимански астроном од Ал-Андалуз ја научи Европа да го чита небото
Под мотото „Само сонот е стварност“ од 20 до 27 август ќе се одржи 17-тото издание на „МакеДокс“
Почина актерот Гоце Тодоровски
Во Скопје отворена изложбата „Сведочи“ на фотографот Енгин Узун
Во Скопје одржан завршниот настан на Меѓународните ликовни средби „Сребреница 2026“
Почина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари
Концерт на духовна музика во Скопје: Бурхан Шабан и Мустафа Демирџи
Започна семинарот „Иновативни случувања во образованието“ во Тетово
„Страв и надеж“ на МНТ најдобра претстава на 60. МТФ Војдан Чернодрински