| Macedonian
Пад на цените на недвижностите во ЕУ за 1,5 отсто во 2022 година
Според најновите податоци, цените на недвижностите во ЕУ паднаа за 1,5 отсто во последниот квартал од минатата година во однос на претходниот квартал
Пад на цените на недвижностите во ЕУ за 1,5 отсто во 2022 година
Пад на цените на недвижностите во ЕУ за 1,5 отсто во 2022 година / Photo: AA / AA

Цените на недвижностите во ЕУ паднаа за 1,5 отсто во последниот квартал од минатата година во однос на претходниот квартал. Ова е прв пат од 2015 година цените на недвижностите во земјите на ЕУ да паднат на квартално ниво.

Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави податоците за цените на недвижностите во четвртиот квартал од 2022 година. Сепак, цените на становите во ЕУ се зголемени за 3,6 отсто во споредба со истиот период во 2021 година.

Во истиот период цените на становите во еврозоната паднаа за 1,7 отсто во однос на претходниот квартал, а пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво.

Во Данска, во четвртиот квартал од 2022 година, во однос на претходниот квартал, е забележан раст на цената на недвижностите од 6,5 отсто, што е највисок во ЕУ, потоа Германија со 5 отсто, Кипар 4 отсто, Шведска 3,6 отсто, Финска со 3,4 отсто и Холандија со 2,6 отсто.

Цените на недвижностите во Италија останаа стабилни, а најголем раст на цените е забележан во Хрватска со 4,7 отсто и Романија со 2,5 отсто.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев