| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Манастирот Сумела во Туркије привлекува сѐ поголем број посетители
Манастирот е врежан во карпите во шумска област на падината на планината Карадаг, 300 метри над долината Алтиндера.
Манастирот Сумела во Туркије привлекува сѐ поголем број посетители
Манастирот Сумела е врежан во карпите во шумска област на падината на планината Карадаг, 300 метри над долината Алтиндера. / Photo: AA / AA

Древниот манастир Сумела во турската црноморска област Трабзон на своите посетители чија бројка секоја година расте им нуди природна, историска и културна содржина.

„По реставрацијата, манастирот повторно беше отворен на 1 јули 2021 година и прими 597.742 посетители до 29 јуни 2023 година, и покрај тоа што беше затворен во одредени периоди“, рече за агенцијата Анадолу (АА) Тамер Ердоган, директор на покраинската Управа за култура и туризам во Трабзон.

Манастирот е врежан во карпите во шумска област на падината на планината Карадаг, 300 метри над долината Алтиндера.

Манастирот, кој е дел од привремената листа на светско наследство на УНЕСКО, беше повторно отворен за верска пракса на 15 август 2010 година, по пауза од неколку децении, со дозвола на Министерството за култура и туризам на Туркије.

Светски познатиот манастир Сумела, еден од важните верски туристички места во Туркије, беше затворен за посетители во септември 2015 година поради опасност од паѓање на карпи.

Обновата на манастирскиот комплекс започна во февруари 2016 година и заврши со уредување, геолошко-геотехнички истражувања и зајакнување на карпите.

Античката зграда повторно беше отворена на 1 јули 2021 година и привремено затворена на 1 ноември истата година поради ризик од паѓање на карпи. Манастирот повторно беше отворен во мај минатата година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност
Туркије регистрираше 102 производи со географска ознака во првите 10 месеци од 2026 година
Курум од КОП31 предупредува: Ниту една земја не може сама да се соочи со климатската криза