| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Фон дер Лајен:Инвестиција во полуспроводници во ЕУ од над 90 милијарди евра
Претседателката на Европската Комисија истакна дека полуспроводниците се од суштинско значење за зелената и дигитална транзиција и дека економијата на ЕУ не би можела да функционирала без чипови
Фон дер Лајен:Инвестиција во полуспроводници во ЕУ од над 90 милијарди евра
Фон дер Лајен го истакнува значењето на Законот за чипови донесен во 2022 година / Photo: Reuters / Reuters

Европската Унија привлече инвестиции во вредност од над 90 милијарди евра во индустријата за полуспроводници откако беше објавен нејзината историска легислатива, изјави денес шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен го изјави ова на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер Александар Де Кро за време на нивната посета на седиштето на Интеруниверзитетскиот микроелектронски центар, непрофитна организација за истражување и развој специјализирана за нанотехнологија, во Лувен, Белгија.

„Најавени се повеќе од 90 милијарди евра индустриски инвестиции во Европа откако извршното тело на ЕУ предложи Акт за европски чипови во февруари 2022 година“, истакна Фон дер Лајен.

Таа изјави дека иако законот ќе стапи на сила до есен, тој праќа многу моќна порака и дава конкретни можности бидејќи компаниите најавиле различни нови потфати низ ЕУ, вклучително Италија, Ирска и Франција.

Исто така, таа наведе примери за инвестиција од 12 милијарди евра во постројка за пакување и тестирање на полуспроводници во Полска и уште 30 милијарди евра за две први фабрики од таков вид во Магдебург, Германија.

Фон дер Лајен истакна дека полуспроводниците се од суштинско значење за нивната зелена и дигитална транзиција и дека нивната економија не би функционирала без чипови.

Таа, исто така, нагласи дека блокот мора да ја намали својата зависност од неколкуте набавувачи од Источна Азија како дел од својата стратегија за отфрлање на ризикот од синџирите на снабдување преку промовирање дизајн, тестирање и производство во Европа.

Со канализирање на јавни и приватни средства во индустријата, ЕУ има цел да го зголеми својот глобален пазарен удел на полуспроводници од 10 на 20 отсто до 2030 година преку европскиот закон за чипови.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег