| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Османи: ОБСЕ ќе поддржи иницијативи за справување со климатските ризици
Климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повеќе видливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот
Османи: ОБСЕ ќе поддржи иницијативи за справување со климатските ризици
Климатските промени и последиците од нив се фактори што влијаат на зголемување на несигурноста   / Others

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, а воедно и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, истакна дека климатските промени и последиците од нив се фактори што влијаат на зголемување на несигурноста и во крајна линија директно се поврзани со безбедноста во поширокиот регион на ОБСЕ, и дека затоа е потребно да се даде политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за нивно ублажување, пренесува Анадолу.

Според соопштението на МНР на Северна Македонија, Османи го истакна ова во воведното обраќање на првата ОБСЕ Конференција за климатски промени што денеска се одржува во Виена.

„Климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повеќе видливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот. Војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, дополнително ги влошуваат веќе сложените еколошки околности“, рече Османи на отворањето на Конференцијата.

„Потврда дека и во овие тешки времиња ОБСЕ посветено работи на ублажување на негативните ефекти од климатските промени е и назначувањето на специјален претставник за климатски промени во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ“, потенцираше Османи.

„Ваквиот нов пристап ќе обезбеди политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за ублажување на климатските промени и нивните последици. Уверен сум дека заедно можеме да успееме во вклучувањето на климатските активности во нашата секојдневна работа преку поттикнување на декарбонизација на нашите економии и градење поотпорни и климатски приспособливи општества“, рече тој.

Претседавачот нагласи дека политичките определби мора да бидат поддржани со конкретна акција во сите димензии на ОБСЕ и од страна на сите земји учеснички. Токму затоа, според него, Конференцијата е одлично место за споделување иновативни идеи и најдобри практики.

„Покрај тоа, ОБСЕ ќе ги стави на располагање своите капацитети за помош на земјите учеснички за спроведување на иницијативи и проекти, како и за спречување на поврзаните ризици по безбедноста и животната средина“, додаде Османи.

Во рамки на Конференцијата, Османи ќе учествува и на панелот „Премостување на националната и глобална акција – Регионална соработка за справување со климатските промени“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Венецуела на КОП31 претстави план за обединување на заштитата на шумите и океаните
Блокот на Ајзенкот сака да укине пет закони од ерата на Нетанјаху пред формирањето на новата Влада
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност