| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган и Бајден разговараа телефонски
Ердоган и Бајден телефонски разговараа за голем број прашања, вклучително и за кандидатурата на Шведска за вклучување во НАТО и американската продажба на борбени авиони Ф-16 на Туркије
Ердоган и Бајден разговараа телефонски
Ердоган и Бајден телефонски разговараа за голем број прашања / Photo: AA / AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот американски колега Џо Бајден синоќа се договорија да одржат средба на претстојниот Самит на НАТО во Вилнус, главниот град на Литванија.

Ердоган и Бајден телефонски разговараа за голем број прашања, вклучително и за кандидатурата на Шведска за вклучување во НАТО и американската продажба на борбени авиони Ф-16 на Туркије, се вели во соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство.

Коментирајќи ги напорите на Шведска да се вклучи на НАТО, Ердоган му рекол на Бајден дека Шведска презела „правилни чекори“ со усвојувањето на амандманот против тероризмот, но поддржувачите на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ продолжуваат слободно да организираат демонстрации во Шведска величајќи го тероризмот.

Заблагодарувајќи му се на американскиот претседател за дадената поддршка за Анкара во нејзината намера да купи борбени авиони од САД, Ердоган истакна дека не би било праведно да се поврзува влезот на Шведска во НАТО со продажбата на авионите Ф-16 на Туркије.

Двајцата претседатели разговараа и за процесот на придружување на Туркије на Европската Унија (ЕУ), како и позицијата на Украина во однос на НАТО.

Истакнувајќи дека Туркије била принципиелна и фер на патот за пристап во ЕУ, Ердоган рече дека официјална Анкара сака да го заживее процесот на пристапување за полноправно членство во европскиот блок.

Тој додаде дека Туркије сака водечките земји од ЕУ и раководството на европскиот блок да дадат јасна и силна порака на поддршка за нејзиното членство за време на Самитот во Вилнус.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран