| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Над 1.000 регрутирани деца во редовите на терористичката ПКК/ЈПГ во Сирија
Вкупно 1.287 малолетници биле дел од ПКК/ЈПГ заклучно со 2022 година, што е трикратно повеќе во однос на претходната година, покажуваат бројките во официјалниот годишен извештај на ОН за децата и вооружените конфликти.
Над 1.000 регрутирани деца во редовите на терористичката ПКК/ЈПГ во Сирија
Над 1.000 регрутирани деца во редовите на терористичката ПКК/ЈПГ во Сирија / Photo: AA / AA

Бројот на деца во редовите на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Северна Сирија продолжува да расте, надминувајќи 1.000 минатата година, посочи Туркије, повикувајќи се на податоците на Обединетите нации (ОН).

Вкупно 1.287 малолетници биле дел од ПКК/ЈПГ заклучно со 2022 година, што е трикратно повеќе во однос на претходната година, покажуваат бројките во официјалниот годишен извештај на ОН за децата и вооружените конфликти, се наведува во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.

Извештајот објавен на 5 јуни 2023 година покажува дека овие деца се користени од терористичката организација и нејзините ограноци во конфликтните зони во Северна Сирија, посочи Министерството.

Се додава дека според претходниот извештај на ОН, бројот на малолетници во редовите на ПКК/ЈПГ бил 457.

Во својата над 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година
САД и Русија се спротивставуваат на разговорите за ограничување на автономното оружје
Лидерите на Квад ќе го одржат првиот самит од 2024 година во Манила утре
Кремљ ја обвини Естонија за градење „ѕид“ по одлуката да ги затвори сите гранични премини со Русија
Меѓународна осуда за апсењето на новинар на АФП од Израел во Западниот Брег
Вадефул: Нема да преговараме со Русија за нова европска безбедносна рамка
ЕУ одобри рекордна исплата од 8,8 милијарди долари за Украина
Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ е геостратешки императив, посветени сме на реформите