| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Разговор Ердоган- Фон дер Лајен за зајакнување на врските меѓу Туркије и ЕУ
Поддршка за Туркије за приклучување кон ЕУ пристигна и од Шпанија. Шпанскиот премиер Педро Санчез му ветил на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе се обиде да ги унапреди прашањата од интерес за Туркије за пристап во Унијата.
Разговор Ердоган- Фон дер Лајен за зајакнување на врските меѓу Туркије и ЕУ
Фон дер Лајен и Ердоган разговараа за зајакнување на односите меѓу ЕУ и Туркије / Photo: AA / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговараа за зајакнувањето на односите меѓу Европската Унија и Туркије. Разговорот се случи на маргините на Самитот на НАТО во литванскиот главен град Вилнус кој се одржа вчера.

„Добар состанок со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Го поздравувам договорот на Туркије да продолжи со приемот на Шведска во НАТО“, напиша Фон дер Лајен на Твитер по средбата.

Таа додаде дека разговарале и за континуираната поддршка за Украина и за неуморните напори на Туркије за продолжување на Договорот за жито преку Црно Море.

Поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во процесот на приклучување на Туркије кон ЕУ му ветил и шпанскиот премиер Педро Санчез.

На конференцијата за новинари Санчез рече дека за време на состанокот со Ердоган ветил дека ќе се обиде да ги унапреди прашањата од интерес за Туркије во врска со нејзиниот пристап во ЕУ во текот на претседавањето на Шпанија со Унијата.

„Мора да видиме како точно можеме да преземеме чекори овие месеци, со цел Туркије да се почувствува поблиску, а не подалечна“, истакна Санчез.

Премиерот на Шпанија додаде дека неговата земја отсекогаш имала позитивен став кон двата главни приоритета на Туркије, а тоа се либерализација на визниот режим и ажурирање на Царинската унија.

Премиерот на Шпанија го пофали привилегираниот и стратегиски однос меѓу Шпанија и Туркије.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
На државите им е дозволено да враќаат мигранти инструментализирани од други земји, пресуди ЕСЧП
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд