| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Русија: Самитот на НАТО означи враќање на шемите од Студената војна
Москва соопшти дека „Украина станала лидер во борбата на НАТО против Русија и дека ѝ е ветено членство и оружје со долг дострел.“
Русија: Самитот на НАТО означи враќање на шемите од Студената војна
Русија: Самитот на НАТО означи враќање на шемите од Студената војна / Photo: AA / AA

Министерството за надворешни работи на Русија синоќа соопшти дека Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, го означил враќањето на Алијансата кон размислувањата и шемите од времето на Студената војна.

Во соопштението на својата веб-страница, Министерството наведува дека Западот ги штити интересите на една милијарда жители на западните земји и се бори за својата хегемонија, обидувајќи се да го спречи формирањето на мултиполарен свет, вклучително и со воени средства.

„За Западот, поредокот заснован врз правила е узурпирана привилегија за кршење на меѓународното право. Исходот од акциите на НАТО е добро познат, проширувањето на жариштата за нестабилност, уништувањето држави, див тероризам, неказнети воени злосторства, крв на цивили, вклучително и деца, бескрајни бранови бегалци“, се наведува во соопштението од Москва.

Москва соопшти дека Украина станала лидер во борбата на НАТО против Русија и дека ѝ е ветено членство и оружје со долг дострел.

Исто така, се наведува дека Грузија, Босна и Херцеговина и Молдавија се следните во редот за влез во НАТО, дека Финска и Шведска брзаат и дека Арктикот се милитаризира.

„Блискиот Исток и Африка се прогласени за зона на стратегиски интереси во која Вашингтон и неговите сојузници се обидуваат да наметнат свои наредби и да ги искористат ресурсите според докажаните неоколонијални модели. НАТО ги проширува своите пипала во индопацифичкиот регион под измислениот изговор дека развојот на ситуацијата таму може директно да влијае врз евроатлантската безбедност“, се наведува во соопштението.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Венецуела на КОП31 претстави план за обединување на заштитата на шумите и океаните
Блокот на Ајзенкот сака да укине пет закони од ерата на Нетанјаху пред формирањето на новата Влада
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност