| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Путин навести прекин на Договорот за жито
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ќе се врати на Црноморската иницијатива за жито кога ќе почне да се спроведува дел од Договорот што е од нејзин интерес
Путин навести прекин на Договорот за жито
Путин навести прекин на Договорот за жито / Photo: AA Archive / AA Archive

Русија би можела да го суспендира своето учество во Црноморската иницијатива за жито и ќе се врати кога ќе почне да се спроведува дел од Договорот што е од нејзин интерес, рече вчера претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Има време за размислување за тоа што треба понатаму да се прави“, нагласи Путин за рускиот телевизиски канал „Русија 24“.

Претседателот на Русија истакна дека досега ништо не е спроведено од Договорот што е од интерес на Русија, нарекувајќи ја ситуацијата „еднонасочна игра“.

Путин додаде и дека Обединетите нации (ОН) искрено настојуваат да ги придобијат западните земји да почнат да ги исполнуваат условите од Договорот за жито.

Што се однесува за членството на Украина во НАТО, Путин рече дека тоа претставува закана за безбедноста на Русија.

„Конкретно кажано, една од причините за специјалната воена операција е заканата со влезот на Украина во НАТО. Сигурен сум дека тоа нема да ја зголеми безбедноста на самата Украина. Всушност, тоа ќе го направи светот многу поранлив и ќе доведе до дополнителни тензии во меѓународната арена“, порача Путин.

„Затоа, не гледам ништо добро во тоа“, додаде претседателот на Русија.

Путин рече и дека испораката на оружје со долг дострел на Украина „само ќе ја влоши ситуацијата“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата