| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ОН: Светот мора да се подготви за поинтензивни топлотни бранови
„Гледаме континуиран раст на фреквенцијата, времетраењето и интензитетот на топлотните бранови“, рече Џон Наирн, висок советник за екстремна топлина на Светската метеоролошка организација (СМО)
ОН: Светот мора да се подготви за поинтензивни топлотни бранови
Во Европа минатото лето имало 60.000 дополнителни жртви поради екстремните горештини / Others

Во екот на рекордно високи температури на северната хемисфера, Обединетите нации предупредија на можни сè поинтензивни топлотни бранови на Земјата.

„Гледаме континуиран раст на фреквенцијата, времетраењето и интензитетот на топлотните бранови“, рече Џон Наирн, висок советник за екстремна топлина на Светската метеоролошка организација (СМО).

„Ќе продолжи порастот на интензитетот на овие појави, а светот треба да се подготви за поекстремни топлотни бранови“, рече Наирн на брифингот на ОН во Женева.

Во врска со смртните случаи поради топлотните бранови, тој рече дека една неодамнешна студија пресметала дека во Европа минатото лето имало 60.000 дополнителни жртви поради екстремните горештини.

Истакнувајќи дека бројката е ограничена само на Европа, советникот рече дека топлотните бранови стануваат сѐ пораспространети низ светот.

Тој нагласи дека Европа има еден од најсилните системи за рано предупредување и акциони планови во светот.

„Значи, може да замислите какви се бројките веројатно на глобално ниво“, додаде тој.

Наирн изјави дека растот на истовремени топлотни бранови околу северната хемисфера се зголемил за шестпати од 1980-тите години, без знаци на намалување.

Во моментов, јули и август се најкритични месеци за екстремни топлотни бранови, додаде тој.

СМО вчера соопшти дека може да се забележат нови рекордно високи температури. Интензивните топлотни бранови ги зафатија јужните делови на САД, Медитеранот, Северна Африка, Блискиот Исток и некои земји во Азија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни