| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
СЗО: Половина од светската популација е изложена на ризик од денга треска
Регистрирано е осумкратно зголемување на случаите на денга помеѓу 2000-2022 година, од 500.000 случаи на 4,2 милиони, а единствената вакцина на пазарот е Санофи Пастер, која се користи во речиси 20 земји
СЗО: Половина од светската популација е изложена на ризик од денга треска
СЗО: Половина од светската популација е изложена на ризик од денга треска / Photo: AA Archive / AA Archive

Половина од светската популација е во опасност да се зарази со вирусот денга, кој го пренесуваат комарците, предупреди во петокот Светската здравствена организација (СЗО).

„СЗО забележала осумкратно зголемување на случаите на денга помеѓу 2000-2022 година, од 500.000 случаи на 4,2 милиони“ им изјави на новинарите во седиштето на ОН во Женева Раман Велајудан, шеф на одделот за тропски болести на СЗО.

Велајудан потенцираше дека вистинската бројка може да биде многу поголема.

„Околу половина од светското население е изложено на ризик од денга треска, а вирусот на денга погодува приближно 129 земји“, рече тој, истакнувајќи дека проценките покажуваат дека годишно се случуваат од 100 до 400 милиони инфекции.

Тој истакна дека денгата е сериозна болест, која обично е вирусна инфекција што се пренесува од човек на човек со каснување од комарец.

„Осумдесет проценти од случаите се асимптоматски“, додаде тој.

Според СЗО, единствената вакцина во моментов на пазарот е вакцината Санофи Пастер, која се користи во речиси 20 земји.

Вакцината ги штити само оние кои еднаш биле заразени со денга и неопходно е да добијат три дози.

Ефективноста на оваа вакцина против четирите видови на вирусот на денга е во просек околу 65 проценти.

Проценките покажуваат дека смртните случаи од денга се движат меѓу 40.000 и 70.000 годишно, рече претставникот на СЗО, додавајќи дека има многу земји кои сè уште не ги пријавуваат како такви.

„Стапката на смртност е околу еден процент во повеќето земји и се надеваме дека ќе ја намалиме уште повеќе“, рече тој.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите