| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Над 80 милиони хектари шумска површина изгореа во светот за една деценија
Најголема загуба е регистрирана во 2016 година кога изгореа 9,63 милиони хектари.
Над 80 милиони хектари шумска површина изгореа во светот за една деценија
Големи пожари има во повеќе региони во Европа / Photo: AA / AA

Во последните десет години, околу 82 милиони хектари шумски површини беа уништени од пожари ширум светот, а најголемите катастрофи се случија во Австралија, Русија, Канада и Соединетите Американски Држави.

Според податоците на „Глобал Форест Воч“, кој собира податоци за шумските пожари во светот, во последните десет години во светот изгореле 82 милиони хектари шумски површини.

Најголема загуба на шумски површини е забележана во 2016 година, кога изгореа 9,63 милиони хектари.

Најголемите пожари во последните десет години се забележани во земји како Австралија, Русија, Канада и САД, а во моментов се интервенира на шумски пожари во Канада, Грција и Италија.

Во пожарите што избувнаа во септември 2019 година и траеја шест месеци во Нов Јужен Велс, Квинсленд, Викторија и Јужна Австралија загинаа 479 луѓе.

Според извештајот објавен од Кралската комисија за природни катастрофи на Австралија во 2020 година, во овие пожари, кои во историјата на земјата влегоа како „Црно лето“, беа уништени повеќе од 24 милиони хектари земја, изгореа 3.500 куќи и угинаа многу животни.

Најголемите шумски пожари во последните десет години во Русија беа во 2021 година и уништија повеќе од 18,16 милиони хектари шумска површина.

Овие пожари го надминаа најголемиот шумски пожар во Русија во 2012 година, кој уништи 18,11 милиони хектари земја.

Според податоците објавени од канадското одделение за природни ресурси и Меѓуагенцискиот центар за шумски пожари, шумските пожари што започнаа во мај 2023 година и сè уште горат во Канада веќе се меѓу најголемите шумски пожари во последната деценија.

Во Канада, каде што изгореа околу 7,6 милиони хектари шумска површина во текот на целата сезона на шумски пожари од април до септември 1989 година, оваа година беа изгубени повеќе од 10 милиони хектари шумска површина.

Повеќе од 155.000 луѓе се евакуирани оваа година во Канада.

Во САД, кои секоја година се место на шумски пожари, пред се во Калифорнија, во 2020 година се случи најголемиот шумски пожар во последните десет години.

Изгореа повеќе од 1,7 милиони хектари шумска површина.

На грчкиот остров Родос, шумскиот пожар кој избувна пред седум дена продолжува неконтролирано да се шири.

Грчкото Министерство за клима соопшти дека евакуацијата на 19.000 луѓе ноќта на 23 јули е „најголемата операција за евакуација спроведена во земјата досега“.

Продолжуваат шумските пожари во јужните региони на Италија. На островот Сицилија, кој е најпогоден од пожарите, активни се 86 противпожарни станици.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
„Чичко пронаоѓач“ со оштетен вид произведува електрични возила од отпадни материјали
Црна Гора затвори уште две поглавја од пристапните преговори со ЕУ
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел